Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна
Франција ја промовира политиката со „три удари“ во Европа Испечати Е-пошта
16.07.2008.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
Имајќи предвид дека Франција ќе претседава со Европската унија од 1 јули, 2008 г., францускиот министер за култура, Кристин Албанел сака консензус во однос на борбата против пир-ту-пир преземањето преку воведување на францускиот модел низ цела Европа.

На 19 јуни, Кристин Албанел пред францускиот Совет на министри го претстави нејзиниот предлог за контроверзниот Закон за интернет и творештво, првобитно инициран од Денис Оливијан, поранешен извршен директор на Fnac, осмислен за борба против пиратството на интернет, главно преку воведувањето на таканаречената „политика на три удари“. Новоформираниот независен орган HADOPI (Висок орган за распространување на дела и заштита на правата на интернет) ќе биде одговорен за испраќање на предупредувања и прекинување на интернет претплатите во случај на прекршоци.

На барање на сопственикот на правата, HADOPI ќе има овластување од интернет провајдерот да го побара идентитетот на корисниците кои ги прекршуваат авторските права, по што ќе следи процес од три чекори. Најпрво ќе се испрати предупредување по е-пошта, а доколку корисникот продолжи со прекршоците, ќе се испрати предупредување преку препорачано писмо. По третиот прекршок HADOPI ќе има право да го прекине интернет пристапот на корисникот на период од три до шест месеци. Овој период може да се намали на еден до три месеци доколку прекршителот се обврзе да прекине со наводното нелегално преземање.

Законот беше одобрен од француската влада и за него ќе се расправа во двата домови на парламентот. Покрај довербата на Албанел во нацрт-законот и нејзината одлучност истиот да биде усвоен, законот наидува и на голем отпор, тргнувајќи од Европскиот парламент, CNIL, ISOC, резервираноста на Државниот совет, ARCEP, па сè до критиките од парламентарците, мислењето на јавноста, давателите на интернет услуги и печатот.

Имајќи го тоа предвид, се чини дека SACEM (Друштвото на автори, композитори и музички уредници) веќе размислува за алтернативно решение. Како што изјави Бернар Мије, претседателот на бордот на директори на SACEM, организацијата не размислува за глобална лиценца, туку за некаков придонес од интернет провајдерите. „Ако сте кабелски дистрибутер како што е Numericable и вршите пренос на програми, плаќате авторски надомест. Ако сте сателитска платформа, повторно важи истото. Што се однесува до интернетот, интернет провајдерите досега успеваа да избегнат каква било правна или финансиска одговорност или, како што е добро познато, целиот свој развој и го должат на музиката“ изјави Мије.

Сепак, не се разговара за израмнување на сметките со интернет провајдерите во смисла на ново право за интернет корисниците како во случајот со глобалната лиценца со која би им се овозможило на интернет корисниците да преземаат музика и истата да биде достапна за секого. Глобалната лиценца исто така би ги зголемила приходите на музичките автори и уметници но не и приходите на музичките дистрибутери или издавачките куќи кои се плашат да не ја изгубат контролата, а со тоа и дел од пазарот.

Иако во Франција законот на HADOPI е оспорен и иако Европскиот парламент првобитно се спротивстави на францускиот модел, се чини дека Европската комисија планира да ја усвои препораката со која би се одобрило постепено реагирање против нелегалното преземање.

Gradual response: France proposes its model to the European homologues (only in French, 24.06.2008)

Hadopi project: return to the expectations and forces in presence (only in French, 23.06.2008)

Gradual response : Sacem already has a plan B (only in French, 30.06.2008)

 

Извор: ЕДРИ-грам „France promotes the three-strike scheme in Europe“ бр. 6.13, 2 јули, 2008.


(1263 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]