| Руски блогер осуден за коментирање на блог |
|
|
|
| 17.07.2008 |
|
На 7 јули 2008 г., руски блогер беше осуден на една година условна
казна затвор откако беше прогласен за виновен за „поттикнување на
омраза и непријателство“ со коментарот на неговиот блог на Лајвџрнал.
Според весникот Комерсант, младиот блогер Сава Терентијев на блогот рекол „Оние што стануваат полицајци се ѓубриња,“ и повикувал полицајците да бидат ставени на клада. Поради наводниот прекршок - поттикнување омраза и оцрнување на човечкото достоинство на една општествена група, обвинителите бараа поголема парична казна и две години зад решетки, што се чинеше претерано. За време на процесот, своите коментари на блогот во кои вели дека корумпираните полицајци треба да горат во печки како оние од Аушвиц, Терентијев ги нарече „хипербола и претерување“ и им се извини на жртвите од концентрационите логори и полицајците кои можеби „ненамерно ги повредил со тој коментар.“ Конечната судска одлука беше една година условна казна затвор за блогерот.
Извор: ЕДРИ-грам „Russian blogger sentenced for comments on the blog“ бр. 6.14, 16 јули, 2008. |