Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow ЕДРИ arrow Руски блогер осуден за коментирање на блог
Руски блогер осуден за коментирање на блог Испечати Е-пошта
17.07.2008.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
На 7 јули 2008 г., руски блогер беше осуден на една година условна казна затвор откако беше прогласен за виновен за „поттикнување на омраза и непријателство“ со коментарот на неговиот блог на Лајвџрнал.

Според весникот Комерсант, младиот блогер Сава Терентијев на блогот рекол „Оние што стануваат полицајци се ѓубриња,“ и повикувал полицајците да бидат ставени на клада. Поради наводниот прекршок - поттикнување омраза и оцрнување на човечкото достоинство на една општествена група, обвинителите бараа поголема парична казна и две години зад решетки, што се чинеше претерано. За време на процесот, своите коментари на блогот во кои вели дека корумпираните полицајци треба да горат во печки како оние од Аушвиц, Терентијев ги нарече „хипербола и претерување“ и им се извини на жртвите од концентрационите логори и полицајците кои можеби „ненамерно ги повредил со тој коментар.“ Конечната судска одлука беше една година условна казна затвор за блогерот.

Поборниците за слободен говор се загрижени поради фактот што пресудата може да создаде опасен преседан за слободниот говор на интернет, особено во Русија каде што главните традиционални медиуми се пристрасни на власта.

„Ова беше апсолутно неоправдана пресуда. (...) Сава секако напиша груб коментар... но оваа пресуда значи дека ќе биде невозможно да се даваат груби коментари за кој било“ изјави за Ројтерс Александар Верковски, директор на центарот SOVA во Москва, невладина група што го набљудува екстремизмот.

Рускиот претседател Дмитри Медведев неодамна го изрази своето мислење за слободата на говорот изјавувајќи дека Русија треба да користи благ пристап при  регулирањето на интернетот. „Фала му на бога што живееме во слободно општество. (...)Може да одиме на интернет и да најдеме речиси сè што ни треба. Во таа насока, денес нема проблеми од типот на затворен пристап до информации во Русија, немаше вчера и нема да има ниту утре,“ изјави Медведев минатиот месец во интервјуто за Ројтерс.

Russian blogger sentenced for "extremist" post (7.07.2008)


Russian Blogger Sentenced Over LiveJournal Comment (7.07.2008)

EDRi-gram: More control over the Internet wanted in Russia (7.05.2008)

 

Извор: ЕДРИ-грам „Russian blogger sentenced for comments on the blog“ бр. 6.14, 16 јули, 2008.


(1273 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]