Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна
ТОП ВЕСТ

e-Society.Mk 2008

esociety.mk Четвртата меѓународна конференција „е-Општество.Мк“ ќе се одржи во Скопје, Македонија на 10 декември, 2008 г. Оваа година фокусот на конференцијата е користењето на информациско-комуникациските технологии во образованието. Вашето учество на конференцијата можете да го пријавите со пополнување на формуларот . Рокот за пријавување е до 16 часот на 1 декември 2008 година. 

  Започнува изборот на кандидати за Наградата на Светскиот самит 2009 за Македонија

wsa145x160an Наградата на Светскиот самит (World Summit Award – WSA) е глобална иницијатива за избор и промоција на најдобра е-содржина којашто започна да се доделува во 2003 година во рамките на Светскиот самит за информатичко општество на Обединетите Нации во Женева. Процесот се одвива преку национални избори и еден глобален избор, кои се одржуваат на секои две години и голем број национални и меѓународни конференции и работилници посветени на содржините.

 

 

Србија: Министерство поддржува локализирана дистрибуција на ГНУ/Линукс и сист. за управ. со содржини Испечати Е-пошта
21.07.2008.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
Минатиот месец, српското Министерство за телекомуникации и информатичко општество ја претстави Cp6Linux, дистрибуција на GNU/Linux преведена на српски јазик, базирана на дистрибуциите Дебијан и Убунту на GNU/Linux.

Локализацијата на дистрибуцијата GNU/Linux ја изведе Електротехничкиот факултет при Универзитетот во Белград. Името го доби според кириличниот назив на „Српски Линукс“ – „срб-линукс“.

Ова е најновиот од серијата проекти за локализација иницирани и финансирани од министерството. Министерството сака да го зголеми бројот на апликации со отворен код достапни на српски јазик. Трите изданија на Cp6Linux, Home, Enterprise и Education се достапни на латиница и кирилица.

Тимот за локализација објасни дека работата се базира на минатиот труд на српските програмери на софтвер со отворен код. Тие се надеваат дека ќе работат заедно со тие програмери на идните верзии на Cp6Linix и други апликации со отворен код.Во јуни, министерството исто така претстави локализирана верзија на Алфреско - систем за управување со содржини и документи (CMS). Во изјава испратена преку е-пошта, српските програмери коишто работат на локализацијата велат: „Со ова министерството добива висококвалитетен систем за управување со содржини и документи што може лесно да се одржува и ажурира“. „Алфреско може да се комбинира со системи за планирање на ресурси на претпријатија и софтвер за географски информации. Добро работи со ОпенОфис и го поддржува отворениот формат на документи (ODF).“

Локализацијата на софтверот со отворен код на српски јазик ќе им ја олесни употребата на тие апликации на српските граѓани, објаснуваат програмерите. „Очекуваме да видиме како локалната администрација и бизнисите сè повеќе го воведуваат овој вид на софтвер.“

Министерството за телекомуникации и информатичко општество планира да ги користи и Cp6Linux и Alfresco.

Извор: OSOR.EU - "RS: Ministry backs localised GNU/Linux distribution and CMS" 15 July, 2008


(3086 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]