| Србија: Министерство поддржува локализирана дистрибуција на ГНУ/Линукс и сист. за управ. со содржини |
|
|
|
| 21.07.2008 |
|
Минатиот месец, српското Министерство за телекомуникации и информатичко
општество ја претстави Cp6Linux, дистрибуција на GNU/Linux преведена на
српски јазик, базирана на дистрибуциите Дебијан и Убунту на GNU/Linux.
Локализацијата на дистрибуцијата GNU/Linux ја изведе Електротехничкиот факултет при Универзитетот во Белград. Името го доби според кириличниот назив на „Српски Линукс“ – „срб-линукс“. Ова е најновиот од серијата проекти за локализација иницирани и финансирани од министерството. Министерството сака да го зголеми бројот на апликации со отворен код достапни на српски јазик. Трите изданија на Cp6Linux, Home, Enterprise и Education се достапни на латиница и кирилица. Тимот за локализација објасни дека работата се базира на минатиот труд на српските програмери на софтвер со отворен код. Тие се надеваат дека ќе работат заедно со тие програмери на идните верзии на Cp6Linix и други апликации со отворен код.Во јуни, министерството исто така претстави локализирана верзија на Алфреско - систем за управување со содржини и документи (CMS). Во изјава испратена преку е-пошта, српските програмери коишто работат на локализацијата велат: „Со ова министерството добива висококвалитетен систем за управување со содржини и документи што може лесно да се одржува и ажурира“. „Алфреско може да се комбинира со системи за планирање на ресурси на претпријатија и софтвер за географски информации. Добро работи со ОпенОфис и го поддржува отворениот формат на документи (ODF).“ Локализацијата на софтверот со отворен код на српски јазик ќе им ја олесни употребата на тие апликации на српските граѓани, објаснуваат програмерите. „Очекуваме да видиме како локалната администрација и бизнисите сè повеќе го воведуваат овој вид на софтвер.“ Министерството за телекомуникации и информатичко општество планира да ги користи и Cp6Linux и Alfresco. Извор: OSOR.EU - "RS: Ministry backs localised GNU/Linux distribution and CMS" 15 July, 2008 |