|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести ЕУ расчистува со измамите со ринг-тоновите
|
|
|
|
ЕУ расчистува со измамите со ринг-тоновите |
|
|
|
21.07.2008. |
|
Комесарот за потрошувачи на ЕУ, Меглена Кунева денес ги објави
резултатите од истрагата на европско ниво на веб-сајтовите што нудат
услуги на мобилна телефонија како што се ринг-тонови или позадини за
екранот.
Со испитувањето кое се изврши кај повеќе од 500 веб-сајтови низ 27-те земји членк, како и во Норвешка и Исланд, се утврди дека 80 отсто од проверените веб-сајтови треба понатаму да се испитаат поради сомнение за прекршување на потрошувачките правила на ЕУ. Целна група на голем дел од сајтовите се децата и младите.
Некои од проблемите што беа откриени: нејасни информации за цената, онаму каде што цените се нецелосни не е вклучен данокот или пак потрошувачите не знаат дека всушност се пријавуваат за претплата. Голем број веб-сајтови не ги обезбедуваат бараните информации за контакт на трговецот. Другите проблеми се однесуваат на информации што насочуваат во погрешен правец, при што клучните информации се напишани со многу ситни букви или тешко е да ги најдете на веб-сајтот, или пак зборот „бесплатен“ се користи за да се наведат корисниците кон потпишување на долгорочни договори.
Прекршоците варираат според степенот на сериозност. Европејците поседуваат повеќе од 495 милиони мобилни телефони. Само ринг-тоновите претставуваа 29 отсто од целокупниот пазар на „содржини за мобилен телефон“ во Европа во 2007 г. (околу 10 отсто повеќе отколку во 2006г.) Вредноста на продажбата на европските ринг-тонови во 2007 г. изнесуваше 691 милиони евра. Седум земји; Норвешка, Финска, Шведска, Летонија, Исланд, Романија и Грција ги објавија имињата на веб-сајтовите на кои биле пронајдени нерегуларности.
„Оваа иницијатива на европско ниво е директен одговор на стотиците жалби од потрошувачите поднесени до државните органи. Премногу луѓе се жртви на скапи изненадувања од мистериозни наплати, такси и претплати за ринг-тонови за кои дознаваат првиот пат кога ќе ја видат сметката за мобилниот телефон. Ќе се воведе постапка низ цела Европа за наоѓање на секој од овие трговци.
Но треба да се испрати јасна порака, особено до тинејџерите и децата – бидете внимателни! Најважното е секогаш напишано со ситни букви! Постојат многу угледни трговци, но за да бидете сигурни кога плаќате за овие услуги, секогаш проверувајте го текстот со ситни букви внимателно и бидете сигурни дека не се претплатувате за повеќе од она што всушност сте го побарале.
Извор: "Europe's Information Society - EU clampdown on ring-tone scams" 17 јули, 2008.
(3786 hits/посети) |
|