Твитер ќе применува геолокациска цензураНа 21 јануари 2012 г., на својот официјален блог, Твитер а соопшти својата намера да воведе геолокациска цензура, што значи дека одредени твитови ќе бидат цензурирани во некои земји врз основа на разл... ЕДРИ | 3.2.2012 |
Одговори на често поставуваните прашања за ACTA1. Дали ACTA бара од земјите да наметнат правила за „три предупредувања пред исклучување од интернет“? ЕДРИ | 2.2.2012 |
Поранешниот германски министер за правда го поддржува повикот за отворени стандардиГерманскиот парламентарец и поранешен државен министер за правда Брижит Циприс ги повикува институциите и компаниите да се пријават за годинешните Награди на Денот на слобода на документите. Наградата... Свет | 1.2.2012 |
Центар за интернет и општество - Беркман: Летна програма за практиканти 2012Центарот Беркман ќе ангажира разнообразна група од студенти заинтересирани за проучување - и менување на светот преку - интернетот и новите комуникациски технологии; студенти кои се мотивирани, интере... Свет | 31.1.2012 |
Франција: Објавен порталот за отворени податоци - data.gouv.frФранција ја објави бета-верзијата на владиниот веб-сајт за отворени податоци; data.gouv.fr. Свет | 27.1.2012 |
Јавната администрација треба да им се приклучи на здруженијата за слободен софтверЈавните администрации треба да станат членки на здруженијата за слободен софтвер, вели Сајмон Фипс, директор на Иницијативата за слободен софтвер (OSI). „Убаво е да се има политика, но ако не се прикл... Свет | 26.1.2012 |
|
Друго во: ЕДРИ, Свет, Македонија
|
| Наскоро една третина од светското население на интернет |
|
|
|
| 22.07.2008 |
|
Речиси четвртина од светското население – околу 1.4 милијарди луѓе редовно ќе користат интернет во 2008 г.
Оваа бројка се очекува да надмине 1.9 милијарди поединечни корисници, или 30 отсто од светското население до 2012 г. според моделот и прогнозата за дигитален пазар на IDC. Иако персоналниот компјутер е тековно доминантното средство за добивање пристап до интернет, IDC очекува дека бројот на мобилни уреди што пристапуваат до интернет ќе го надмине бројот на компјутери поврзани со интернет до 2012 г. Кога ќе се поврзат на интернет, корисниците ќе продолжат да го користат времето за активности во доменот на Веб 1.0, како што се пребарување, купување и испраќање е-пошта. Но, активностите во доменот на Веб 2.0, како што се гледањето на видеозаписи од корисници, објавувањето на блогови и учествувањето во портали за социјално вмрежување брзо го привлекуваат вниманието и времето поминато на интернет на сè поголем број интернет корисници. Последниве активности ќе создадат нови можности и предизвици за оние што рекламираат и сакаат да заработат преку интернет. Други наоди од моделот и прогнозата за дигиталниот пазар на IDC: Корисниците ќе пристапуваат до интернет преку повеќе од 1.5 милијарди уреди низ целиот свет до 2008 г., вклучувајќи персонални компјутери, мобилни телефони и онлајн конзоли за видео игри. До 2012 г., бројот на уреди што пристапуваат до интернет ќе се удвои на повеќе од три милијарди, од кои половина ќе бидат мобилни уреди. Во 2007 г., Кина изби пред САД според бројот на интернет корисници. Бројот на интернет корисници во Кина се предвидува да порасне од 275 милиони во 2008 до 375 милиони корисници во 2012 г. Речиси половина од сите интернет корисници ќе купуваат преку интернет во 2008 г. До 2012 г., на светско ниво ќе има повеќе од една милијарда онлајн купувачи кои ќе вршат трансакции „бизнис-потрошувач“ во вредност од 1,2 трилиони американски долари. Електронската трговија „бизнис-бизнис“ ќе биде 10 пати поголема, достигнувајќи 12.4 трилиони долари на светско ниво во 2012 г. Во моментот, околу 40 отсто од сите интернет корисници во светот имаат интернет пристап преку мобилен уред. Бројот на корисници на мобилен интернет ќе достигне 546 милиони во 2008, речиси двојно повеќе од 2006 г., и се предвидува дека ќе ја надмине бројката од 1.5 милијарди корисници во светот до 2012 г. Извор: PC World "One third of the world will be online soon" 20 јули, 2008. |