Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна
ТОП ВЕСТ

e-Society.Mk 2008

esociety.mk Четвртата меѓународна конференција „е-Општество.Мк“ ќе се одржи во Скопје, Македонија на 10 декември, 2008 г. Оваа година фокусот на конференцијата е користењето на информациско-комуникациските технологии во образованието. Вашето учество на конференцијата можете да го пријавите со пополнување на формуларот . Рокот за пријавување е до 16 часот на 1 декември 2008 година. 

  Започнува изборот на кандидати за Наградата на Светскиот самит 2009 за Македонија

wsa145x160an Наградата на Светскиот самит (World Summit Award – WSA) е глобална иницијатива за избор и промоција на најдобра е-содржина којашто започна да се доделува во 2003 година во рамките на Светскиот самит за информатичко општество на Обединетите Нации во Женева. Процесот се одвива преку национални избори и еден глобален избор, кои се одржуваат на секои две години и голем број национални и меѓународни конференции и работилници посветени на содржините.

 

 

Наскоро една третина од светското население на интернет Испечати Е-пошта
22.07.2008.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
Речиси четвртина од светското население – околу 1.4 милијарди луѓе редовно ќе  користат интернет во 2008 г.

Оваа бројка се очекува да надмине 1.9 милијарди поединечни корисници, или 30 отсто од светското население до 2012 г. според моделот и прогнозата за дигитален пазар на IDC.

„За околу осум години бројот на интернет корисници ќе достигне две милијарди, што сведочи за универзалната привлечност и достапност на интернетот“, изјави Џон Ганц, главен истражувач во IDC. „Денес интернетот е веќе подлабоко интегриран во професионалниот и личниот живот на многу корисници, овозможувајќи им да работат, играат и да се дружат во кое било време и од кое било место. Овие трендови ќе се забрзуваат како што бројот на корисниците на мобилни уреди продолжува да расте и интернетот станува навистина сèприсутен“.

Иако персоналниот компјутер е тековно доминантното средство за добивање пристап до интернет, IDC очекува дека бројот на мобилни уреди што пристапуваат до интернет ќе го надмине бројот на компјутери поврзани со интернет до 2012 г. Кога ќе се поврзат на интернет, корисниците ќе продолжат да го користат времето за активности во доменот на Веб 1.0, како што се пребарување, купување и испраќање е-пошта. Но, активностите во доменот на Веб 2.0, како што се гледањето на видеозаписи од корисници, објавувањето на блогови и учествувањето во портали за социјално вмрежување брзо го привлекуваат вниманието и времето поминато на интернет на сè поголем број интернет корисници. Последниве активности ќе создадат нови можности и предизвици за оние што рекламираат и сакаат да заработат преку интернет.

Други наоди од моделот и прогнозата за дигиталниот пазар на IDC:

Корисниците ќе пристапуваат до интернет преку повеќе од 1.5 милијарди уреди низ целиот свет до 2008 г., вклучувајќи персонални компјутери, мобилни телефони и онлајн конзоли за видео игри. До 2012 г., бројот на уреди што пристапуваат до интернет ќе се удвои на повеќе од три милијарди, од кои половина ќе бидат мобилни уреди.

Во 2007 г., Кина изби пред САД според бројот на интернет корисници. Бројот на интернет корисници во Кина се предвидува да порасне од 275 милиони во 2008 до 375 милиони корисници во 2012 г.

Речиси половина од сите интернет корисници ќе купуваат преку интернет во 2008 г. До 2012 г., на светско ниво ќе има повеќе од една милијарда онлајн купувачи кои ќе вршат трансакции „бизнис-потрошувач“ во вредност од 1,2 трилиони американски долари. Електронската трговија „бизнис-бизнис“ ќе биде 10 пати поголема, достигнувајќи 12.4 трилиони долари на светско ниво во 2012 г.

Во моментот, околу 40 отсто од сите интернет корисници во светот имаат интернет пристап преку мобилен уред. Бројот на корисници на мобилен интернет ќе достигне 546 милиони во 2008, речиси двојно повеќе од 2006 г., и се предвидува дека ќе ја надмине бројката од 1.5 милијарди корисници во светот до 2012 г.

Извор: PC World "One third of the world will be online soon" 20 јули, 2008.


(2983 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]