Македонски
Трет светски форум за човекови права PDF Печати Е-пошта
08.08.2008
Повеќе од 2000 учесници од 100 земји зедоа учество на Третиот светски форум за човекови права што се одржа од 1 до 3 јули 2008 година во Нант, Франција во организација на Постојаниот меѓународен секретаријат за човекови прави и локални власти од Франција.

Форумот претставува место за средби и размена на знаења и искуства за претставници на невладини организации, локални и централни власти, медиуми и образовни институции. Програмата на овогодинешниот форум покриваше три основни теми:

1. Економската глобализација и меѓународната солидарност;
2. Kаква Европа за човекови права и какви човекови права за Европа;
3. Локалната власт и човековите права: ефикасност достапна за сите.

Во рамките на форумот беа организирани 40 тркалезни маси на теми кои одговараа на три нивоа на размислување и делување: светско, европско и локално. Целта на форумот беше да се потикне создавањето на меѓународни мрежи на актери од областа на човекови права, со цел: практично спроведување на човековите права во локалните заедници.

Претставникот на Метаморфозис, Бардил Јашари, имаше презентација на тема „Децентрализирана соработка за Европска иднина на Македонија“ во кое даде свое видување за главните предизвици на Македонија во патот кон ЕУ, како и улогата и придобивките од разните видови меѓународни проекти кои потикнуваат соработка меѓу локални заедници од Македонија и ЕУ. Како пример беше презентиран проектот за соработка помеѓу Македонија и регионот Бас Нормандија во Франција, во кој учествува Фондација Метаморфозис. Дополнително, во презентацијата се потенцираше улогата на невладиниот сектор и активното граѓанско учество.

Официјален веб-сајт на форумот: http://www.spidh.org/

Програма на форумот

 

Балканска мрежа за застапување при управување со е-отпад

Метаморфозис на социјални мрежи


Facebook Twitter
Flickr YouTube

Наши изданија

ping_logo

Приватност на интернет на лесен начин

Filmovi-opme
Igri-opme

sajt_na_denot
sakas_da_volontiras

Creative Commons iconОсвен во случаите каде што не е експлицитно наведено поинаку, содржините на овој веб-сајт се лиценцирани
според лиценцата на Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела 2.5