| Mакедонија: Владата го формира Националниот совет за информатичко општество |
|
|
|
| 08.08.2008 |
|
Со одлука на Владата на РМ од 8.7.2008 година е формиран Националниот совет за информатичко општество. Ова стручно и советодавно тело треба да обезбедува поддршка на Владата и државните институции преку давање насоки, сугестии и препораки поврзани со примената на информатичко-комуникациските технологии (ИКТ), дигитализацијата на електронските медиуми и развојот на информатичкото општество воопшто. Како основни начела на работата на Националниот совет во одлуката се наведени:
Основањето на Националниот совет за информатичко општество е предвидено со Националната стратегија за развој на информатичкото општество од 2005 година. Во тој документ кој беше усвоен во Собранието со консензус на тогашната власт и опозиција се предвидува Советот да го сочинуваат 25 лица „избрани од страна на Собранието, како претставници од приватниот и од јавниот сектор, од универзитетите и невладините организации. Членовите на овој Совет треба да бидат познати експерти од разни области, како учесниците во Работната група одговорна за подготовка на Стратегијата.“ Одлуката на Владата за формирање на Националниот совет за информатичко општество стапи на сила на 1.8.2008 година, со нејзиното објавување во бр. 97 од Службен весник на РМ.
|