Македонски
Дигиталниот архив на македонскиот јазик под Криејтив комонс PDF Печати Е-пошта
17.07.2008
Неодамна објавениот сајт на Дигиталниот архив на македонскиот јазик на Истражувачкиот центар за ареална лингвистика на МАНУ, наменет за промоција на ретки книги и материјали поврзани со македонскиот јазик во дигитална форма, се здоби со Криејтив комонс лиценцата Наведи извор 2.5 Македонија.


digitalen_arhiv Досега на веб-сајтот на дигиталниот архив на македонскиот јазик се објавени 13 дела, но со текот на времето тој ќе се надополнува со нови ракописи, материјали и ретки книги. „Со овој дигитален архив, можноста за продорот на македонскиот јазик, литература и култура во светот ќе биде зголемена, а материјалите ќе станат подостапни. Научниците, лингвистите, проучувачите на културата, историјата и традицијата на Македонија и на македонскиот јазик отсега ќе имаат пристап до ресурсите кои би им помогнале и би ги поттикнале тие проучувања, а со тоа би придонеле за поширока афирмација на македонскиот јазик во светски рамки.“

Дигиталниот архив на македонскиот јазик е бесплатен за користење, пребарување и преземање на материјалите. Единствениот услов кој корисниците треба да го исполнат е наведување на изворот на преземените дела во случај на нивно објавување на други веб-локации, со што се овозможува и референцирање на податоците од самите дела кое е неопходно при научна комуникација.

Примената на Кријетив комонс лиценца на веб-сајтот на дигиталниот архив претставува револуционерен потег од страна на македонската научна институција, а непостоењето на услови за користење на делата, освен основниот – Наведи извор, го прави достапен за македонската, но и за светската читателска публика.

Примената на лиценцата Криејтив комонс е резултат на соработка на Истражувачкиот центар за ареална лингвистика и Фондацијата Метаморфозис.

 

Балканска мрежа за застапување при управување со е-отпад

Метаморфозис на социјални мрежи


Facebook Twitter
Flickr YouTube

Наши изданија

ping_logo

Приватност на интернет на лесен начин

Filmovi-opme
Igri-opme

sajt_na_denot
sakas_da_volontiras

Creative Commons iconОсвен во случаите каде што не е експлицитно наведено поинаку, содржините на овој веб-сајт се лиценцирани
според лиценцата на Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела 2.5