| Најава: Трибина за приватноста во Македонија, 26 август |
|
|
|
| 14.08.2008 |
|
На 26 август 2008 година со почеток во 10 часот во просториите на
Стопанска комора на РМ ќе се одржи трибина посветена на приватноста во
Македонија во периодот 1 јуни, 2007 до 1 јуни, 2008 г.
Трибината ја организира фондацијата Метаморфозис како дел од подготвувањето на македонскиот дел за глобалниот извештај „Приватност и човекови права“. Фондацијата Метаморфозис, во соработка со Правната програма на ФИООМ и Дирекцијата за заштита на личните податоци, по трет пат го организира составувањето на овој извештај, со учество на видни експерти од сите сродни области. Целта на трибината е разгледување на претходно подготвениот нацрт-извештај и овозможување на учесниците да придонесат со свои забелешки и дополнителни информации. Глобалниот извештај „Приватност и човекови права: Меѓународен преглед на законите и случувањата поврзани со приватноста“ го издаваат ЕПИЦ од Вашингтон, САД и Прајваси интернешнл од Лондон, Велика Британија, во соработка со организации од скоро осумдесет други земји. Освен во вид на книга, целиот текст е бесплатно достапен и во дигитална форма . Извештаите за секоја држава содржат информации за законските рамки и значајни случувања поврзани со заштитата на лични податоци во дадениот период. Настанот ќе биде отворен за јавноста.
Агендата на настанот може да ја видете тука. |