Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow Најава: Трибина за приватноста во Македонија, 26 август
Најава: Трибина за приватноста во Македонија, 26 август Испечати Е-пошта
14.08.2008.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
На 26 август 2008 година со почеток во 10 часот во просториите на Стопанска комора на РМ ќе се одржи трибина посветена на приватноста во Македонија во периодот 1 јуни, 2007 до 1 јуни, 2008 г.

Трибината ја организира фондацијата Метаморфозис како дел од подготвувањето на македонскиот дел за глобалниот извештај „Приватност и човекови права“. Фондацијата Метаморфозис, во соработка со Правната програма на ФИООМ и Дирекцијата за заштита на личните податоци, по трет пат го организира составувањето на овој извештај, со учество на видни експерти од сите сродни области. Целта на трибината е разгледување на претходно подготвениот нацрт-извештај и овозможување на учесниците да придонесат со свои забелешки и дополнителни информации.

Глобалниот извештај „Приватност и човекови права: Меѓународен преглед на законите и случувањата поврзани со приватноста“ го издаваат ЕПИЦ од Вашингтон, САД и Прајваси интернешнл од Лондон, Велика Британија, во соработка со организации од скоро осумдесет други земји. Освен во вид на книга, целиот текст е бесплатно достапен и во дигитална форма . Извештаите за секоја држава содржат информации за законските рамки и значајни случувања поврзани со заштитата на лични податоци во дадениот период.

Настанот ќе биде отворен за јавноста.

Агендата на настанот може да ја видете тука.


(2601 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]