Македонски
Гугл ќе им овозможи на корисниците да ги коментираат и преуредуваат резултатите од пребарувањата? PDF Печати Е-пошта
27.08.2008
Гугл размислува да им дозволи на корисниците на неговиот пребарувач да ги „чепкаат“ резултатите од пребарувањето, со тоа што ќе ги рангираат и ќе коментираат за нив.

Компанијата веќе спроведе јавни тестирања на своите страници со резултати од пребарувањата што содржат стрелки за нагоре и надолу веднаш до наведените линкови, како и копчиња што им овозможуваат на корисниците да додаваат коментари на резултатите.

„Во овој момент, не можам да кажам што може да очекуваме од оваа одлика во иднина; само сме љубопитни да видиме како ќе се користи,“ напиша Бен Гомез, истакнат инженер во Гугл, на официјалниот блог на компанијата во вторникот.

Во приказот на една од овие тест-страници се гледаат и „x“ копчиња веднаш до резултатите за истите да може да се отстранат од погледот, но Гомез не се осврна на тоа.

Доколку Гугл одлучи да ги вметне овие одлики како стандардни, таа промена би била значаен чекор на компанијата со кој на луѓето ќе им се даде способност за интеракција со страниците што содржат резултати од пребарувања.

Постојат неколку опции за приспособување што Гугл им ги овозможува на корисниците кои отвораат Гугл сметка, како што е чувањето на записи од нивното пребарување и прелистување преку сервисот наречен Web History, како и додавањето на обележувачи за сајтови со сервисот наречен Notebook.

Сепак, според ова тестирање, новите функционалности очигледно би биле достапни за секој корисник, а не само за оние што се пријавиле со својата Гугл сметка. Приказот на екранот личи на тестирањето опишано во Експерименталната страна за пребарување на Гугл Лебс, иако за експериментот корисниците треба да се пријават со својата Гугл сметка. Во моментот не е наведен на главната страна за експериментално пребарување и е опишан како најверојатно достапен за само неколку недели, така што сè уште не е јасно дали е достапен за тестирање.

Гугл често беше критикуван за својот пребарувач што премногу зависи од математички алгоритми и не им остава простор на корисниците да придонесат во процесот на рангирање и оценување на резултатите. Тие критики зачестија со зголемувањето на популарноста на Web 2.0 сервисите, бидејќи сите тие ја поттикнуваат изградбата на корисничките заедници.

Како реакција на пристапот на Гугл, разни проекти за интернет пребарувачи се појавија во текот на изминатите години обидувајќи се да им овозможат поголемо учество на луѓето, како што е пребарувачот Махало на Џејсон Калаканис, сервисот Делишс на Јаху за обележување веб-сајтови од страна на заедницата и Викиа Срч на Џими Вејлс.

На пример, на Викија Срч секој може да додава, брише и рангира резултати од пребарувањето, и да ја уредува содржината на адресата на резултатот добиен од пребарувањето преку менување на неговиот наслов и опис. Во вистински стил на едно вики, промените се забележуваат веднаш и не се минува низ процес на одобрување, сметајќи на заедницата и нејзиното добро однесување и воспоставување на, барем теоретски, нејзината колективна мудрост.

Извор: CIO „Google May Let Users Comment on, Rearrange Search Results“ 27 август, 2008.

 

Балканска мрежа за застапување при управување со е-отпад

Метаморфозис на социјални мрежи


Facebook Twitter
Flickr YouTube

Наши изданија

ping_logo

Приватност на интернет на лесен начин

Filmovi-opme
Igri-opme

sajt_na_denot
sakas_da_volontiras

Creative Commons iconОсвен во случаите каде што не е експлицитно наведено поинаку, содржините на овој веб-сајт се лиценцирани
според лиценцата на Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела 2.5