Македонски
Македонија: Пет пратенички минути за измените во Законот за прислушување PDF Печати Е-пошта
03.09.2008
Мазно поминаа измените во Законот за следење на комуникациите на вчерашната собраниска седница. Со месеци експертската јавност, дел од неа и блиска на опозицијата, критикуваше дека драстично се зголемуваат надлежностите на полицијата, што овозможува кршење на човековите права.

Сепак, со 81 гласа „за“, а само 15 „против“, измените на Законот беа изгласани.

„Ние нема да го гласаме овој закон, затоа што е противуставен и длабоко навлегува во човековите права. Со овие измени ние ќе станеме полициска држава“, рече во Собранието пратеникот Марјанчо Николов, зборувајќи од името на целата пратеничка група на СДСМ. 
Притоа, тој не најави дека СДСМ ќе поднесе претставка до Уставниот суд. Наводното кршење на Уставот досега не го споменаа експертите. Тие се концентрираа на кршењето на човековите права, широките овластувања и лесната злоупотреба.

- Предлог-законот за изменување и за дополнување на Законот за следење на комуникациите содржи повеќе преседани и исклучоци, кои сериозно навлегуваат во сферата на загрозување на човековите права и одат пошироко од сите познати закони во оваа сфера во демократските држави, доколку се исклучат американските закони донесени по 11 септември 2001 година - смета Слаѓана Тасева, поранешната директорка на Полициската академија.

Никола Поповски, поранешниот министер за финансии и потпретседател на СДСМ, ја критикуваше советничката Моника Маковеј, предлагач на овие измени.

- Со ваква влада дури и г-ѓа Маковеј ќе си ја загуби драгоцената репутација што ја стекна во својата земја и во Европа во борбата против корупцијата - смета Поповски.

Љубомир Фрчкоски се занимаваше со контролата на приватноста.

„Легална основа на проширувањето на контролата на приватноста создава новиот концепт на употреба на прислушувањето за банални кривични дела, кој го предлага онаа тетка Маковеј, а логистика на тој концепт е новата гигантска буџетска позиција на ДБК со фантастичните 25 милиони евра, наместо претходните 400 илјади“, пишуваше во колумна Фрчкоски.

Вчера обвинителите и истражните судии не беа расположени за коментар на измените, бидејќи сè уште не биле запознаени со Законот.

Сепак дел од нив, зборувајќи анонимно, велат дека измените на Законот за следење на комуникациите се само продолжение на веќе направените измени во Законот за кривична постапка, поточно во членовите 146 и 156 од овој закон, а кој Собранието ги изгласа во јули годинава.

- Врз нас се става голем товар. Ќе мораме да одлучуваме врз база на сознанијата на МВР, кои и не мора да бидат поткрепени со докази. На пример, ако треба да се слушаат разговорите на некој градоначалник по пријава дека ја злоупотребува функцијата..., ќе биде многу „забавно“. Прво ќе треба да се утврди дека нема друг начин да се соберат докази за кривичното дело, а потоа да се даде налог, кој секогаш ќе биде под жестока критика за политичка злоупотреба. Ако треба да се следат комуникации на лице што е веќе сторител на кривично дело, налогот за прислушување го дава истражен судија. Ако лицето е непознато, за следењето на комуникациите решава јавниот обвинител. Се предвидува ако од прислушувањето не се добијат информации во рок од 6 месеци, снимените материјали да се уништат пред лицето што било прислушувано - вели еден скопски судија.

Извор: Нова Македонија „Пет пратенички минути за измените во Законот за прислушување“ 3 септември, 2008.

Тагови: приватност , privacy
 

Балканска мрежа за застапување при управување со е-отпад

Метаморфозис на социјални мрежи


Facebook Twitter
Flickr YouTube

Наши изданија

ping_logo

Приватност на интернет на лесен начин

Filmovi-opme
Igri-opme

sajt_na_denot
sakas_da_volontiras

Creative Commons iconОсвен во случаите каде што не е експлицитно наведено поинаку, содржините на овој веб-сајт се лиценцирани
според лиценцата на Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела 2.5