Македонски
Конференција: ИТ и младите PDF Печати Е-пошта
19.09.2008
Како да се мотивираат младите? Како да се промовираат во светот? Како да се организираат, кој може да им помогне во градењето на нивните портали, блогови и сајтови?

Примери за успешни младински проекти и што може да се научи од нив? Дискусии за филозофијата зад веб 2.0? Сите тие прашања беа претставени и се дискутираа на конференцијата “Информатичкото општество и неговото влијание врз медиумите за млади” организирана од Форумот на студенти на европско новинарство – Македонија која се одржа во хотелот „Stone Bridge" во Скопје на 12 и 13 септември.

Младите луѓе од различни земји, луѓе од Полска, Косово, Босна, Србија, Романија, Италија ..., имаа шанса да се запознаат со различни искуства и начини на работа. Иако беа од различна култура со различен јазик сите зборуваа англиски, со што се демонстрираше главната идеа за глобализацијата. „Многу различни вистини“ како што подоцна ќе каже Giovanni Angioni додека зборува за влијанието на Cafebabel magazine врз младите. Конференцијата го овозможи тоа - да се споделат различни искуства и да запознаат нови луѓе или нови „пријателства“, иако тие „пријателства“ всушност се бизнис контакти кои што би понудиле дополнителни идеи и понатамошна соработка на младите. Крајниот резултат е изгледот на CV-то (работното портфолио, понекогаш и Facebook профил) што ќе доведе до поголеми и побогати ангажмани.

Тој аспект за градење на кариера за младите е од најголемо значење. Сепак не е само хартијата што ќе доведе до подобра работа со подобри проекти. Идеите и начините како да се завршат работите се исто толку важни. Тоа е другиот аспект кој оваа конференција го овозможи. За тие два дена се презентираа разни проекти, некои поуспешни и поголеми од другите, но сите имаа исто значење - како другите работат и што може се да се направи со новата технологија - се презентираа проекти како GlobalVoices, Infostud.com, Youth media watchdogs итн.

Извор: www.it.com.mk „Конференција: ИТ и младите“

 

Балканска мрежа за застапување при управување со е-отпад

Метаморфозис на социјални мрежи


Facebook Twitter
Flickr YouTube

Наши изданија

ping_logo

Приватност на интернет на лесен начин

Filmovi-opme
Igri-opme

sajt_na_denot
sakas_da_volontiras

Creative Commons iconОсвен во случаите каде што не е експлицитно наведено поинаку, содржините на овој веб-сајт се лиценцирани
според лиценцата на Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела 2.5