| Блогерска средба во Метаморфозис по повод проектот „Машина за преименување“ |
|
|
|
| 22.09.2008 |
|
Во петок, 19. 09. 2008 со почеток во 19.00 часот во просториите на
Фондацијата Метаморфозис се одржа неформална средба на тема учество на
блогерите во конференцијата Машина за преименување во која земаа
учество 16 блогери и тројца претставници од тимот кој ја организира
конференцијата.
Средбата беше организирана со цел да се поразговара околу евентуалното понатамошно вклучување на блогерите во официјалниот дел на втората конференција на проектот „Машина за преименување“ наречен- дискусија со блогери до Македонија.
Ирена Цветковиќ (Фемгерила) го водеше состанокот на кој се зборуваше околу можните и очекуваните теми на дискусијата и текот кој истата би можела да го земе. И.Ц. |