Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow Блогерска средба во Метаморфозис по повод проектот „Машина за преименување“
Блогерска средба во Метаморфозис по повод проектот „Машина за преименување“ Испечати Е-пошта
22.09.2008.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
Во петок, 19. 09. 2008 со почеток во 19.00 часот во просториите на Фондацијата Метаморфозис се одржа неформална средба на тема учество на блогерите во конференцијата Машина за преименување во која земаа учество 16 блогери и тројца претставници од тимот кој ја организира конференцијата.

Средбата беше организирана со цел да се поразговара околу евентуалното понатамошно вклучување на блогерите во официјалниот дел на втората конференција на проектот „Машина за преименување“ наречен- дискусија со блогери до Македонија.

Ирена Цветковиќ (Фемгерила) го водеше состанокот на кој се зборуваше околу можните и очекуваните теми на дискусијата и текот кој истата би можела да го земе.

Сузана Милевска и Славчо Димитров го објаснија целиот проект. Презентациите на Фегерила и блогерите од New Media Centar ќе бидат иницијатори на дискусијата и истите беа на кратко презентирани пред блогерите кои учествуваа на средбата.

Блогерите се согласија дискусијата да се води низ две теми кои во некои точки се пресекуваат. Имено прашањата кои како оска ќе ја виткаат дисксијата околу себе се следниве:

Дали релацијата меѓу името и идентитетот во социјалниот, политичкиот и културниот простор е толку стабилна колку што вообичаено се претставува?
И од друга страна,
Дали оваа релација во кибер просторот е навистина толку отворена и ослободена од секојдневните културни и политички нормативи колку што се претпоставува?

Состанокот заврши во 20.00 часот со договор дека дискусијата веќе ќе започне на блогот www.renamingmachine.blogspot.com, а потоа оние кои се инспирирани ќе земат учество во официјалната програма на конференцијата на 30. 09. 2008 во к.ц. Точка.

И.Ц.


(1260 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]