Македонски
Гугл го намалува периодот на задржување податоци од пребарувања на 9 месеци, но тоа не е доволно PDF Печати Е-пошта
25.09.2008
Согласно барањето на органите на ЕУ за заштита на приватноста, Гугл на 9-ти септември објави дека ќе го намали периодот на чување на податоците од пребарување од 18 на 9 месеци.

Ова е второто намалување во последните 2 години, Гугл веќе еднаш го намали времето на задржување на тие податоци од неопределено на 18 месеци во 2007. Сепак, компанијата сè уште не ги исполнува препораките на Работната група за член 29.

На 4-ти април, 2008 г., Работната група за член 29 објави мислење за интернет пребарувачите, препорачувајќи максимален период на задржување на податоците од 6 месеци и реафирмирајќи ја применливоста на Европскиот закон за заштита на податоците. „Интернет пребарувачите мора да ги избришат или неповратно да ги направат анонимни личните податоци кога тие повеќе нема да служат за наведената и легитимна цел за која што биле собрани.“

Како резултат на тоа, на 8 септември 2008, Гугл одговори дека IP-адресите поврзани со барањата внесени во интернет пребарувачот ќе бидат анонимизирани по девет месеци и дека на почетната страница на Гугл ќе се појави линк до неговата политика за приватност.

Компанијата не обезбеди никакви детали околу начинот на кој ќе се изврши оваа анонимизација, којашто ако се земат предвид претходните изјави, ќе се состои единствено од бришење на последните 8 бројки од IP-адресата на корисникот.  Но, доколку не се извршат истите промени и кај вредностите на колачињата, тогаш целиот процес би бил бескорисен, или како што вели Кристофер Согојан од Беркман Центарот за интернет и општество при Универзитетот Харвард: „Иако логовите за пребарување стари 9 месеци се анонимизирани, бидејќи останува истата вредност на колачињата, лесно е да се усогласат новите резултати од пребарувањето со постарите, со што процесот на анонимизација може да биде целосно реверзибилен.“

Иако Работната група за член 29 ја цени подготвеноста на Гугл да соработува со органите за заштита на приватноста, тие сметаат дека сè уште има големи несогласувања. Алекс Турк, претседавач на Работната група за член 29, во соопштението за јавност од 16 септември, 2008 г. вели дека и покрај постигнатиот напредок, Гугл сè уште има многу работа што допрва треба да ја заврши за да ги гарантира правата на интернет корисниците во однос на нивната приватност.

Едно од прашањата што предизвикуваат загриженост е тоа што Гугл сметa дека Европскиот закон за заштита на личните податоци не важи за него и дека IP-адресите се доверливи податоци, но не и лични податоци. Компанијата нема понудено јасно образложение за задржувањето на личните податоци и по периодот од 6 месеци и нема извршено подобрување на своите механизми за анонимизација, кои се сè уште недоволни.
Понатаму, не покажа никаква намера да ги подобри или разјасни методите што се користат за добивање согласност од корисниците. Во 2007 г., Работната група за член 29 утврди дека IP-адресата е поврзана со „лице што може да се идентификува“ и дека според тоа треба да се смета за личен податок. Затоа, Гугл треба да побара одобрение од своите корисници пред да ги зачува информациите.

Гугл аргументираше дека се работи за квалитетот на услугата. „Иако ни е драго што ова ќе донесе некои дополнителни подобрувања на приватноста, ние исто така сме загрижени поради потенцијалната загуба на безбедност, квалитет и иновација што може да резултира од намалувањето на податоците. (...) Како што периодот пред анонимизацијата се намалува, придобивките од приватноста се помалку важни и расте бројот на загубени придобивки од податоците“ напиша Питер Флајшер, адвокатот за глобална политика на приватност на компанијата на блогот на Гугл.

Another step to protect user privacy (9.08.2008)

Google cuts data retention after EU privacy warning (10.09.2008)

Google tries to please privacy watchdogs (10.09.2008)

Article 29 Working Party - Google: The Beginning of a Dialogue (16.09.2008)

Debunking Google's log anonymization propaganda (11.09.2008)

EDRi-gram: Google limits the search data retention period (28.03.2007)



Извор: ЕДРИ-грам "Google reduces search data retention time to 9 months, but not enough" бр. 6.18, 24 септември, 2008.

 

Балканска мрежа за застапување при управување со е-отпад

Метаморфозис на социјални мрежи


Facebook Twitter
Flickr YouTube

Наши изданија

ping_logo

Приватност на интернет на лесен начин

Filmovi-opme
Igri-opme

sajt_na_denot
sakas_da_volontiras

Creative Commons iconОсвен во случаите каде што не е експлицитно наведено поинаку, содржините на овој веб-сајт се лиценцирани
според лиценцата на Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела 2.5