Македонски
Најава: Кампања „Слобода наместо страв“ PDF Печати Е-пошта
29.09.2008

На 11 октомври, 2008 г. ќе се одбележи Меѓународниот ден на дејствување за демократија, слободен говор, човекови права, граѓански слободи; против цензура, масовен надзор, масовно задржување на податоци.

freedomnotfear_logo 

Меѓународниот ден на дејствување „Слобода наместо страв“ ќе се одбележи во сите европски главни градови и градови од целиот свет, како протест против целосното задржување на телекомуникациските податоци и против другите инструменти за надзор.

Сакаме да се потсетиме на историското достигнување на граѓанските права и слободите како наследство од Периодот на просветителството и да ја зајакнеме довербата во безбедноста на нашето слободно општество.

Македонија се придружува на оваа меѓународна акција преку активности кои ќе се одржат во Скопје на 10 и 11 октомври;

Во тек на првиот настан (петок) реномирани правни и други експерти ќе одржат јавна дискусија, паралелно со активностите за дистрибуирање информации на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Преземете ја програмата за работа и листата на поканети.

Во текот на вториот настан (сабота) ќе се врши дистрибуција на летоци и постери, како и извадоци од Законот за заштита на личните податоци на Република Македонија. Ќе биде поставен штанд на кој граѓаните ќе може да добијат повеќе информации и ќе имаат можност да снимат изјави за нивното мислење за надзорот, што потоа ќе бидат објавени на интернет.

Акцијата ќе се организира во центарот на главниот град од страна на Фондацијата Метаморфозис, Дирекцијата за заштита на личните податоци, Форумот на студенти на европско новинарство, Фондацијата Институт Отворено Општество - Македонија, Европското здружение на студенти по право во Македонија, Младинскиот Образовен Форум, Македонскиот центар за европско образование и Интернет хотлајн провајдерот Македонија.

 

Балканска мрежа за застапување при управување со е-отпад

Метаморфозис на социјални мрежи


Facebook Twitter
Flickr YouTube

Наши изданија

ping_logo

Приватност на интернет на лесен начин

Filmovi-opme
Igri-opme

sajt_na_denot
sakas_da_volontiras

Creative Commons iconОсвен во случаите каде што не е експлицитно наведено поинаку, содржините на овој веб-сајт се лиценцирани
според лиценцата на Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела 2.5