|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести Излезе водичот „безбедно на интернет“ за родители и наставници
|
|
|
|
Излезе водичот „безбедно на интернет“ за родители и наставници |
|
|
|
6.10.2008. |
Излезе петтиот по ред водич на фондацијата Метаморфозис,
насловен „безбедно на интернет“, а наменет пред се на родителите, иако
корисен и за наставниците во училиштата, како и за новинарите како
претставници на медиумите.
 Водичот има нов дизајн, испечатен е во две бои, на 16 страници, во
вкупно 1800 примероци. 1200 примероци беа испечатени на македонски
јазик, додека останатите 600 се на албански. Истите се наменети за
делење на родителите и наставниците во училиштата каде што се одржуваат
едукативни презентации на оваа тема, како и во други училишта,
институции и организации кои би имале корист од него.
Двата водичи, како и сите досега издадени публикации во рамките на овој
проект, се достапни за преземање од веб-сајтот на проектот, и тоа во верзија на македонски јазик и верзија на албански. Содржините на водичите во дигитална форма се објавени под Криејтив комонс лиценцата Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела 2.5 Македонија.
(1959 hits/посети) |
|