Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Активности arrow Видео-конференција помеѓу Македонија и Долна Нормандија за дигитални клубови
Видео-конференција помеѓу Македонија и Долна Нормандија за дигитални клубови Испечати Е-пошта
9.10.2008.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
На 7.10.2008., во просториите на Фондацијата Метаморфозис се одржа видео-конференција во рамките на тригодишниот проект за децентрализирана соработка помеѓу Македонија и регионот Долна Нормандија од Франција на која учествуваа претставници на организации кои работат со е-точки кои овозможуваат пристап на интернет за граѓаните од двете земји.

На конференцијата од Македонија учествуваа Филип Стојановски од Метаморфозис, Горан Чучуковски од општина Велес, Вања Димитриевски од Дигиталниот клуб (ДК) Самоков и Мустаф Јонузи од ДК Камењане, додека Давид Севестр од ДК Бонебоск и Александр Суто од ДК Гранвиј беа учесници од регионот Долна Нормандија.

video_conf_mala_1

video_conf_mala_2 

 

 

 

 

 

 

Конференцијата се состоеше од три дела. Најпрвин учесниците од Франција ги претставија своите дигитални клубови како и општите информации за состојбата со дигиталните клубови во регионот Долна Нормандија. Во регионот постојат 102 дигитални клубови и 66 отсто од нивниот буџет го покриваат општините, а остатокот го покрива регионот Долна Нормандија.

  basse-norm

Потоа Филип Стојановски ги запозна учесниците од Франција со Проектот за дигитални клубови, преку кој се отворени 12 такви е-точки низ цела Македонија, во рамките на програмата за е-Инклузивност на Фондацијата Метаморфозис.

Горан Чучуковски го пренесе искуството на општина Велес која иницира создавање е-точки за граѓаните како дел од своите редовни активности, од кои една е отворена во градската библиотека во соработка со Метаморфозис, а другата во селото Оризаре. Точката во Оризаре служи како истурена канцеларија на општината, заштедувајќи им време и напор на жителите кои благодарение на неа нема потреба да одат до оддалечениот Велес.

Вања Димитриевски и Мустаф Јонузи ја претставија работата на дигиталните клубови кои ги водат. Беше утврдено дека во средини со побројно население и поголема економска активност има и поголем интерес за користење на е-точките. За разлика од Долна Нормандија, каде што најголем дел од семејствата имаат интернет во домот и мнозинство корисниците на е-точките се постари лица, во Македонија најголем дел од корисниците се деца и млади.



По ова следеше меѓусебна дискусија најмногу фокусирана на прашањата на финансирање и самоодржливост на дигиталните клубови по што начелно се договорија чекорите за меѓусебна соработка на двете мрежи, особено во насока на пренос на добри практики за покривање на повозрасното население и овозможување и на луѓето со хендикеп да имаат пристап до услугите на клубовите, а со тоа и до интернет и другите нови технологии.

Наредната видео конференција во рамките на овој проект, на која ќе учестуваат претставници од Агенцијата за државни службеници од Македонија е планирана за 30 октомври.


(1986 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]