|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Активности Одржана работилница за DigiTales во просториите на Метаморфозис
|
|
|
|
Одржана работилница за DigiTales во просториите на Метаморфозис |
|
|
|
20.10.2008. |
|
Во соработка со Британски совет, Cre8ive8 и Меѓаши во просториите на фондацијата Метаморфозис беше одржана работилница за креирање DigiTales, како дел од проектот „Imagine your future“ (Замисли ја својата иднина). Оваа работилница е прва од циклусот од три вакви планирани работилници.
Во работилницата земаа учество 8 членови на Меѓаши, кои изработуваа кратки видеа за некоја своја лична приказна. Видеата ќе бидат наскоро објавени на интернет и за нив ќе се изработи ДВД. Секое од видеата има јасна порака и претставува лична приказна на неговиот креатор.
DigiTales (Дигитални приказни) се однесуваат на медиумот кој се користи за да се пренесе приказната. Дигиталните приказни едноставно се приказни кои се креирани и распространети со помош на дигиталните медиуми. Тие се вистинско, преживеано искуство на нејзиниот креатор – напишано, раскажано и илустрирано од лицето кое ја доживеало приказната. Повеќе за дигиталните приказни може да прочитате следејќи го овој линк .
(2844 hits/посети) |
|