Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow ЕДРИ arrow Друштвените мрежи на дневен ред во Европската комисија
Друштвените мрежи на дневен ред во Европската комисија Испечати Е-пошта
20.10.2008.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
Вивиен Рединг, Комесарот за информатичко општество и медиуми го одржа својот прв јавен говор за друштвените мрежи во тек на Форумот за побезбеден интернет одржан на 26 септември 2008 г., што го потврдува интересот за оваа тема на органите на ЕУ. Комесарот го нагласи развојот на друштвените мрежи во Европа: „56% од европската онлајн популација посетувала сајтови за друштвено вмрежување и се предвидува дека бројот на редовни корисници ќе се искачи од денешните 41.7 милиони на 107.4 милиони во наредните четири години. Во 2007, 9.6 милиони Британци беа дел од заедницата за друштвено вмрежување, 8.9 милиони Французи и 8.6 милиони Германци. Во Европа, според comscore.com, корисниците поминуваат просечно 3 часа месечно на сајтови за друштвено вмрежување.“

Иако го пофали нивниот успех во промовирањето на културниот диверзитет и зголемената интеракција и истовремено овозможувањето на нови економски можности за европската индустрија, Рединг исто така ги спомна новите прашања покренати од друштвените мрежи околу приватноста на податоците и заштитата на малолетниците.

По повод овој настан, Европската комисија ги изнесе во јавноста овогодишните предлози за јавна консултација околу верификацијата на возраста, рангирањето низ медиумите и друштвентото вмрежување.

Други тела на ЕУ, како што е ЕНИСА побараа ново законодавство со кое би се регулирале сајтовите за друштвено вмрежување. Според недамнешниот извештај, ЕНИСА посочи дека на сајтовите за друштвено вмрежување како што се Фејсбук и Мајспејс им е потребна поголема регулација за да ги заштитат нивните корисници од безбедносни ризици.

Но комесарот зазема став во прилог на само-регулирање кај друштвеното вмрежување и објави дека комисијата сака да делува како олеснувач: „За оваа цел комисијата назначи Работна група за социјално вмрежување, која одржа два состаноци во 2008 г. со 17 оператори на сајтови за друштвено вмрежување кои ги користат лица под 18 години (на пример Мајспејс, Фејсбук, Јутјуб, Хајвс, СтадиВЗ и Скајрок) многу истражувачи и организации за згрижување на децата. Целта е да се сложат околу доброволните упатства за употреба на сајтовите за друштвено вмрежување од страна на децата, да се усвојат доброволно од страна на европската индустрија.“

Говорот на европскиот комесар и најавените активности по сè изгледа не ги земаат предвид прашањата за сигурност и приватност покренати со употребата на друштвените мрежи, фокусирајќи се единствено на организациите за згрижување на децата. Важноста на аспектите на приватност на друштвените онлајн мрежи е нагласена од Европските агенции за заштита на податоци собрани на пленарната седница на Работната група за член 29, кои соопштија дека подготвуваат мислење за друштвените мрежи на интернет. Работната група испрати прашалник за заштитата на податоците и прашањата поврзани со приватноста на сервисите за друштвено вмрежување, а се подготвува и  консолидирана верзија на мислењето.

Social Networking Sites: Commissioner Reding stresses their economic and societal importance for Europe (26.09.2008)

Consultation Age Verification, Cross Media Rating and Social Networking - submissions

The Article 29 Working Party- 67 plenary session (2.10.2008)

EDRi-gram: Social networking sites might be regulated in EU (4.06.2008)


Извор: ЕДРИ-грам “Social Networks - on the European Commission's Agenda” бр. 6.19, 8 октомври, 2008.
(838 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]