| Македонија: Флертувајте со политичарите на интернет |
|
|
|
| 29.10.2008 |
|
Профилите на политичарите се приватни и нивната содржина можете да ја видите само ако тие ви дозволат. Ако сакате да ги пронајдете политичарите со кои сакате да се дружите на Фејсбук, направете свој профил и испратете им понуда за интернет пријатели. Ако македонските политичари не можете да ги најдете во нивните канцеларии, во министерствата или во партиските седишта, речиси сигурно ќе ги најдете на Интернет сајтовите за дружење. Голем дел од нив се присутни со свои профили на најпознатата светска веб-страница за дружење Фејсбук. Овој сајт за дружење е еден од најзаразните во светот и на него се прикачени, пред се, помлади луѓе, но последниве години ги има од секакви профили и возраст.Ни македонските политичари не останаа имуни на Фејсбук вирусот. На оваа глобална мрежа за дружење се министерот за евроинтеграции Ивица Боцевски, шефицата на МВР Гордана Јанкуловска, министерот за информатика Иво Ивановски, поранешната лидерка на СДСМ Радмила Шеќеринска, министерот за странски инвестиции Веле Самак и неговиот поранешен колега Глигор Ташковиќ. За дружба на Фејсбук се и преговарачот за името Никола Димитров, лидерот на ДПА Мендух Тачи, ексминистерот за внатрешни работи Љубе Бошкоски, македонската амбасадорка во Хаг Шпреса Јусуфи, поранешниот министер за екологија од ДПА Имер Алиу, експремиерот Љубчо Георгиевски, шефот на НСДП Тито Петковски и поранешниот пратеник Филип Петровски кој важи за еден од најинвентивните фејсбукери. Фејсбукерите велат дека Радмила Шеќеринска е рекордер по бројот на Интернет пријатели на кои им дозволила да и влезат во профилот. Наводно имала над 2.000 пријатели. Еден од најпопуларните фејсбукери во Македонија е ексминистерот Љубе Бошкоски. Неговиот профил беше најактивен уште кога беше во Хаг и тие што му се пријатели секојдневно преку тој веб му испраќале поддршка. Извор: Вест „Флертувајте со политичарите на интернет“ бр. 2509, 28 октомври, 2008. Вести поврзани со оваа: Тоше и Александар Македонски воскреснати на „Фејсбук“?! Македонија: ДЗЛП издаде препораки за користење сервиси за социјално вмрежување |