Македонски

Твитер ќе применува геолокациска цензура

На 21 јануари 2012 г., на својот официјален блог, Твитер а соопшти својата намера да воведе геолокациска цензура, што значи дека одредени твитови ќе бидат цензурирани во некои земји врз основа на разл...

ЕДРИ | 3.2.2012

Одговори на често поставуваните прашања за ACTA

1. Дали ACTA бара од земјите да наметнат правила за „три предупредувања пред исклучување од интернет“?

ЕДРИ | 2.2.2012

Поранешниот германски министер за правда го поддржува повикот за отворени стандарди

Германскиот парламентарец и поранешен државен министер за правда Брижит Циприс ги повикува институциите и компаниите да се пријават за годинешните Награди на Денот на слобода на документите. Наградата...

Свет | 1.2.2012

Центар за интернет и општество - Беркман: Летна програма за практиканти 2012

Центарот Беркман ќе ангажира разнообразна група од студенти заинтересирани за проучување - и менување на светот преку - интернетот и новите комуникациски технологии; студенти кои се мотивирани, интере...

Свет | 31.1.2012

Франција: Објавен порталот за отворени податоци - data.gouv.fr

Франција ја објави бета-верзијата на владиниот веб-сајт за отворени податоци; data.gouv.fr.

Свет | 27.1.2012

Јавната администрација треба да им се приклучи на здруженијата за слободен софтвер

Јавните администрации треба да станат членки на здруженијата за слободен софтвер, вели Сајмон Фипс, директор на Иницијативата за слободен софтвер (OSI). „Убаво е да се има политика, но ако не се прикл...

Свет | 26.1.2012

Друго во: ЕДРИ, Свет, Македонија

Петиција за запирање на софтверските патенти во Европа PDF Печати Е-пошта
31.10.2008
Нашата петиција има за цел да ги обедини гласовите на загрижените Европејци, асоцијации и компании, и ги повикува политичарите во Европа да ги запрат патентите за софтвер преку легислативно изјаснување.

Системот за патентирање се злоупотребува за да се ограничи конкуренцијата со цел економска добивка на малкумина, но не успева да промовира иновација. Околината на пазарот на софтвер ќе биде во поповолна позиција ако воопшто нема патенти врз софтверот. Здравата конкуренција ги поттикнува играчите на пазарот да иновираат.

Одлуките на европските судови во повеќето случаи сѐ уште ја прифаќаат валидноста на софтверските патенти што се доделени од националните канцеларии за патенти и од Европската канцеларија за патенти која е надвор од демократска контрола. Тие не само што продолжуваат да ги одобруваат, туку и лобираат за нив. И покрај актуелната длабока криза на системот за патенти, тие не се во можност да направат реформа и ги ставаат во неповолна позиција европските бизниси со нивната мека политика за одобрување на патенти.

Во 2005 изгледаше дека Комисијата повеќе ги поддржува интересите на големите меѓународни конгломерати отколку интересите на малите и средни европски претпријатија — главната сила што стои зад иновацијата во Европа. На крајот, Европскиот парламент ја одби директивата за софтверски патенти, но тој нема право на легислативни иницијативи.

Заклучоци

Студии

Голем број сериозни научни и економски студии го оправдуваат укинувањето на патентите за софтвер.
Авторски права за софтверот, но не и патенти

Авторите на софтвер се веќе заштитени со законите за авторски права, со што се овозможува иновирање од сите учесници во истото опкружување и со тоа се генерира здрава конкуренција. Оваа заштита е поткопана од софтверските патенти. Многу е лесно да се повредат софтверските патенти без да се биде свесен за прекршувањето. Софтверските компании не го користат и не им е потребен системот за патенти за да иновираат. Тие треба да се заштитени од сопствениците на патентите што се сомнително доделени.

Судски спорови наместо иновација

Софтверските патенти не ја погодуваат нивната легитимна цел. Патентирањето на софтвер ги претпочита судските спорови на штета на иновирањето, со што се поништува нивното демократско оправдување. Производителите на софтвер се приморани да трошат средства и време за бирократија, тужби и заобиколување на сомнителни побарувања, средства што инаку би се потрошиле за истражување и развој. Сопствениците на софтверски патенти, од кои некои и не произведуваат софтвер, се здобиваат со можност да применуваат нефер контрола врз пазарот.
Грешките на САД

Во САД секоја година се трошат милијарди долари во судски спорови околу софтверските патенти, не само меѓу софтверски компании, туку и со други компании само затоа што тие имаат веб-страница (ова започнува да се случува и во Европа). Оваа грешка во Европа треба да се избегне.

Ги поттикнуваме законодавците:

  • Да донесат национални правни разјаснувања за законите за патенти за да оневозможат прифаќање на софтверски патенти;
  • Да ги поништат сите одобрени барања за патенти што може да бидат прекршени со извршување софтвер на програмабилни уреди;
  • Да се трудат да ги пренесат овие правила на европско ниво, вклучително и Европската конвенција за патенти.

Извор: Stopsoftwarepatents.eu "Петиција за запирање на софтверските патенти во Европа"
 

Балканска мрежа за застапување при управување со е-отпад

Метаморфозис на социјални мрежи


Facebook Twitter
Flickr YouTube

Наши изданија

ping_logo

Приватност на интернет на лесен начин

Filmovi-opme
Igri-opme

sajt_na_denot
sakas_da_volontiras

Creative Commons iconОсвен во случаите каде што не е експлицитно наведено поинаку, содржините на овој веб-сајт се лиценцирани
според лиценцата на Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела 2.5