Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Активности arrow Избран победникот на Криејтив комонс конкурсот
Избран победникот на Криејтив комонс конкурсот Испечати Е-пошта
6.11.2008.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
Избрани се најдобрите фотографии кои учествуваа на конкурсот за најдобра фотографија направена со мобилен телефон, кој имаше за цел да поттикне споделување на што повеќе дигитални авторски дела под најнерестриктивната помеѓу Криејтив комонс лиценците – Наведи извор.

Победник на овој конкурс е носителот на фотографијата „Mal ribar“, кој воедно се најде со уште 2 фотографии помеѓу петте најдобри: „Cador2“ која излезе на второ место и „Bliznacki“ која се најде на четвртото. Креатор на овие фотографии и добитник на главната награда мобилен телефон и Криејтив комонс маица е Енкел, регистриран на веб-сајтот под корисничкото име buko.

Бидејќи помеѓу петте најдобри фотографии, од овој автор имаше 3, што е случај со уште еден од учесниците на конкурсот, го поместивме изборот на петте најдобри фотографи за четири места подолу. На трето место е фотографијата „Ohrid Leto 2008“ од Sweety, додека на петто „Ладовина“. На шесто место е фотографијата „Rock N Roll“ на Васил Танески, додека веднаш зад неа е „Одмор“ од Трајче Бошевски кој стои и зад фотографиите „Ладовина“ и „Рефлексија“ која пак се најде на седмо место.  Последното место и припадна на фотографијата „Езеро Младост“ на Борис Ристовски. На овој начин се добива селекција од вкупно 9 најдобри фотографии, дела на 5 автори. Сите овие се добитници на маица Криејтив комонс.

Изборот на фотографиите и нивното рангирање го изврши четиричлено жири во состав:  Џоичи Ито – претседател на управниот одбор на Криејтив комонс, Калина Буневска – Исаковска – директор на центарот за современа уметност, Роберт Јанкуловски – фотограф и Ирина Шумадиева – претставник на Криејтив комонс Македонија.

Добитниците на наградите ќе ги добијат деталите околу подигнувањето по пат на имејл.
(1862 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]