Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow Фијаско со е-гласањето во Финска: изгубени гласови
Фијаско со е-гласањето во Финска: изгубени гласови Испечати Е-пошта
6.11.2008.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот

На 26 октомври 2008 г., за првпат беше испробан целосно електронски систем на гласање во финските општински единици. Членот на ЕДРИ, Електронска граница - Финска ја критикуваше пилот програмата со години, неодамна објавувајќи извештај за нејзините недостатоци.

Денес, Министерството за правда откри дека поради проблем со употребливоста, гласањето било предвреме прекинато за 232 гласачи. Пилот системот беше користен во три општини; тоа е околу 2 отсто од целокупниот избирачки список. Седиштата во општинските собранија често се добиваат со разлики од само неколку гласови.

Се чини дека системот барал од гласачите да внесат смарт картичка за да бидат идентификувани, да го внесат бројот на нивниот кандидат, потоа да притиснат „ок“, да ги проверат информациите за кандидатот на екранот, а потоа повторно да притиснат „ок“. Некои од гласачите не притиснале „ок“ вторпат, туку предвреме ја извадиле смарт картичката од гласачкиот терминал, со што нивните гласови не биле регистрирани.

Упатствата на Министерството за правда исто така придонесоа за проблемот со употребливоста, во кои конкретно се вели дека со цел да се откаже изборниот процес, корисникот морал да кликне на „отфрли“, а потоа да ја отстрани смарт картичката. Така, некои гласачи не сфатиле дека нивниот глас не бил регистриран.

Исто така, во моментот има најмалку еден извештај за проблеми со екраните на допир. Еден гласач постојано се обидувал да кликне на „ок“ но поради проблеми со системот или со чувствителноста на екранот на допир, потребни беа „неколку минути“ за да се регистрира копчето “press”. Доколку се соочат со ваков проблем, гласачите може да помислат дека гласањето завршило.

ЕФФИ смета дека изборниот процес треба да се повтори во тие општини и издаде соопштение за печат во кое ја аргументира правната основа за повторување на гласањето. Според финскиот изборен закон, за тоа би била потребна одлука од Управниот суд.

Flash demo of the e-voting user interface

EDRi-gram: Effi's e-voting 'shadow report' (10.09.2008)

 

Извор: ЕДРИ-грам „Finnish e-voting fiasco: votes lost“ бр. 6.21, 5 ноември, 2008.


(1330 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]