Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow ЕДРИ arrow Прва конференција на PrivacyOS: различни пристапи за приватност во синергија
Прва конференција на PrivacyOS: различни пристапи за приватност во синергија Испечати Е-пошта
12.11.2008.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот

Првата отворена конференција во рамките на проектот PrivacyOS се одржа во Стразбур (13-15 октомври, 2008) во просториите на Европскиот парламент.

PrivacyOS е проект финансиран во рамките на Програмата за поддршка на ИКТ политики на Европската комисија, која започна на 1 јуни, 2008 г. и ќе трае вкупно 24 месеци. Седумнаесет партнери ги здружија силите во овој проект со цел да ги обединат индустријата, малите и средни претпријатија, владите, академското и граѓанско општество во поттикнувањето на развојот на инфраструктурите за приватност во Европа. Проектот го координираат Јан Шалабок и Каталин Полгар од Органот за заштита на податоците во Шлесвиг-Холстајн (Германија).

Главните цели на PrivacyOS се создавање на долгорочна соработка во тематската мрежа и воспоставување на колективни интерфејси со други проекти на ЕУ. Учесниците разменуваат искуства од истражувањата и најдобри практики и развиваат стратегии и заеднички проекти во согласност со четирите главни цели на политиките: подигнување на свеста, обезбедување на приватноста на интернет, поттикнување на Управувањето со идентитетот насочено кон заштита на приватноста и планирање на истражувањето.

Отворениот тип на конференцијата се покажа како моќно средство за споделување на достигнувањата на учесниците, прашањата кои произлегуваат од истражувањето и развојот, како и општествените интереси во однос на приватноста. Исто така, овозможи да се комбинираат техничките, правните и политички пристапи на прашањата за заштита на приватноста. Тоа беше добра можност да се научи нешто повеќе од другите проекти финансирани од ЕУ, а поврзани со приватноста, како што се EuroPriSe (Европски печат за приватност), PrimeLife и други. Ова прво издание беше организирано во 12 временски интервали од по 45 минути. Учесниците, вклучително и партнерите што не се дел од проектот а кои присуствуваа на конференцијата, ги распределија интервалите според предложените активности.

Иако повеќето од тематските сесии беа претставени со една или две презентации, некои од сесиите добија поинтерактивен формат, како на пример сесијата за „Мапирање на состојбата на базата на податоци“ координирана од партнер во проектот - Институтот за интернет на Оксфорд: учесниците имаа можност да формираат три групи за да дискутираат кои централни бази на податоци се воспоставени како резултат на настаните во областа на е-власт во земјите-членки на ЕУ.

За време на конференцијата, се водеа интензивни дискусии за Технологиите за подобрување на приватноста (ТПП). Беа претставени технички решенија, како на пример предлогот на конзорциумот од проектот SWIFT за управување со идентитетот, или проектот “Silent Tag” презентиран од Friendly Technologies Ltd, со цел да се дефинираат чиповите за RFID кои не одговараат на генеричкото испитување, туку само идентификуваните и одобрените. По презентацијата на Главниот советник за приватност на Мајкрософт, Каспар Бауден, се разговараше и за правните, етичките и политички услови. Идејата на Каспар Бауден за толкувањето на член 8 од Европската конвенција за човекови права како задолжителен услов за имплементација на ТПП веројатно претставува технолошки детерминизам, но неговиот предлог за регулирање на технологијата на црпење на податоците добро се совпаѓа со концептот за „одговорност за дизајнот“ застапуван од професорот по право Џоел Рајденберг на Меѓународната конференција на Комесаријатите за заштита на податоците и приватноста одржана во 2007 г. во Монтреал. Единственото останато прашање беше тоа што регулирањето наметнува контрола, а таквата контрола се заснова на испитување на отворениот пристап до софтверот.

Мрежата ЕДРИ учествуваше на оваа конференција како партнер во проектот PrivacyOS, со делегација од четири лица кои ги претставуваа членовите на ЕДРИ; FifF (Германија), IRIS (Франција), IuRe (Чешка Република) и NNM (Германија). Двајца од нив извршија презентации; Ралф Бендрат (NNM) околу „Новото движење за приватност – како да се поврзе и користи енергијата“ и Мерјем Марзуки (IRIS) за „ИКТ и политиките за сигурност: Тенденции и потреби за специфични гаранции“. Партнери во овој проект се и други членови на ЕДРИ: Метаморфозис (Македонија) и Quintessenz (Австрија).

PrivacyOS планира уште 3 конференции од овој тип за време на проектот. Наредната конференција ќе се одржи во Берлин, Германија, во април 2009 г.

PrivacyOS project (with conference presentations online)

EDRI-gram: ENDitorial: Montreal Privacy Week: Terra Incognita Or Deja Vu? (10.10.2007)

 

Извор: ЕДРИ-грам: "First PrivacyOS Conference: different privacy approaches in synergy" бр. 6.21, 5 ноември, 2008.


(595 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]