Твитер ќе применува геолокациска цензураНа 21 јануари 2012 г., на својот официјален блог, Твитер а соопшти својата намера да воведе геолокациска цензура, што значи дека одредени твитови ќе бидат цензурирани во некои земји врз основа на разл... ЕДРИ | 3.2.2012 |
Одговори на често поставуваните прашања за ACTA1. Дали ACTA бара од земјите да наметнат правила за „три предупредувања пред исклучување од интернет“? ЕДРИ | 2.2.2012 |
Поранешниот германски министер за правда го поддржува повикот за отворени стандардиГерманскиот парламентарец и поранешен државен министер за правда Брижит Циприс ги повикува институциите и компаниите да се пријават за годинешните Награди на Денот на слобода на документите. Наградата... Свет | 1.2.2012 |
Центар за интернет и општество - Беркман: Летна програма за практиканти 2012Центарот Беркман ќе ангажира разнообразна група од студенти заинтересирани за проучување - и менување на светот преку - интернетот и новите комуникациски технологии; студенти кои се мотивирани, интере... Свет | 31.1.2012 |
Франција: Објавен порталот за отворени податоци - data.gouv.frФранција ја објави бета-верзијата на владиниот веб-сајт за отворени податоци; data.gouv.fr. Свет | 27.1.2012 |
Јавната администрација треба да им се приклучи на здруженијата за слободен софтверЈавните администрации треба да станат членки на здруженијата за слободен софтвер, вели Сајмон Фипс, директор на Иницијативата за слободен софтвер (OSI). „Убаво е да се има политика, но ако не се прикл... Свет | 26.1.2012 |
|
Друго во: ЕДРИ, Свет, Македонија
|
| Груевски најави дека „Интел“ влегува во Македонија |
|
|
|
| 14.11.2008 |
|
Во Силициумската долина ќе се одржи форумот „Македонија - земја на ИТ-експерти“. Американскиот гигант во информатичката технологија „Интел“ ќе инвестира во образованието во Македонија, најавува премиерот Никола Груевски, кој со тим свои соработници неделава престојува во работна посета на САД.Како доказ за оваа најава, Владата на Македонија и „Интел“ потпишаа Меморандум за разбирање во Сан Франциско. „Со овој меморандум треба да имаме поддршка од ’Интел‘ со одредени инвестиции во образованието“, изјави премиерот Груевски по потпишувањето на документот со претседателот на Управниот одбор на компанијата, на кого македонската владина делегација му ги презентирала можностите за инвестирање во Македонија. Раководството на „Интел“, јави известувачот на МИА, било запознаено со инвестициските можности од секаков аспект, пред се' даночен, но и за тоа дека македонската Влада инвестира многу во ИТ-образованието, при што биле посочени детали во врска со зголемувањето на квотите на студенти по информатичка технологија, како и за отворањето нов информатички универзитет, кој од октомври 2009 година ќе почне да работи само на англиски јазик. „Сите овие инвестиции во образованието упатуваат на тоа дека големите мултинационални компании, особено оние од ИТ-бизнисот, во иднина може да сметаат на Македонија како одлична дестинација за бизнис“, истакна премиерот Груевски, додавајќи дека за компаниите е важно не само да им се овозможат ниски даноци или брза регистрација туку да им се понуди и добар кадар, и по квалитет и по квантитет. За македонскиот премиер, учеството на американскиот амбасадор во Македонија Филип Рикер во делегацијата дава поддршка во напорите во привлекување на компаниите во нашата држава, отворање нови работни места и продлабочување на економските релации меѓу Америка и Македонија. Македонската владина делегација, во чиј состав се и вицепремиерот задолжен за економски прашања, Зоран Ставрески, министрите за економија, за странски инвестиции и за информатичко општество, Фатмир Бесими, Веле Самак и Иво Ивановски, и директорот на Агенцијата за странски инвестиции, Виктор Мизо, во Сан Франциско имале средби и со раководствата на американските гиганти „Хјулит Пакард“, „Оракл“ и „Сан мајкросистемс“. Според програмата, се најавува дека во Силиконската долина, центар на американската и на светската ИТ-технологија, ќе се одржи Бизнис-форумот „Македонија - земја на ИТ-експерти“, на кој ќе бидат презентирани економските политики со посебен фокус на реформите за унапредување на информатичкото општество и образованието насочени кон подобрување на вкупната бизнис-клима и привлекување реномирани американски инвеститори. (МИА) Извор: Утрински весник „ Груевски најави дека Интел влегува во Македонија“ бр. 2835, 12 ноември, 2008. |