Македонски

Твитер ќе применува геолокациска цензура

На 21 јануари 2012 г., на својот официјален блог, Твитер а соопшти својата намера да воведе геолокациска цензура, што значи дека одредени твитови ќе бидат цензурирани во некои земји врз основа на разл...

ЕДРИ | 3.2.2012

Одговори на често поставуваните прашања за ACTA

1. Дали ACTA бара од земјите да наметнат правила за „три предупредувања пред исклучување од интернет“?

ЕДРИ | 2.2.2012

Поранешниот германски министер за правда го поддржува повикот за отворени стандарди

Германскиот парламентарец и поранешен државен министер за правда Брижит Циприс ги повикува институциите и компаниите да се пријават за годинешните Награди на Денот на слобода на документите. Наградата...

Свет | 1.2.2012

Центар за интернет и општество - Беркман: Летна програма за практиканти 2012

Центарот Беркман ќе ангажира разнообразна група од студенти заинтересирани за проучување - и менување на светот преку - интернетот и новите комуникациски технологии; студенти кои се мотивирани, интере...

Свет | 31.1.2012

Франција: Објавен порталот за отворени податоци - data.gouv.fr

Франција ја објави бета-верзијата на владиниот веб-сајт за отворени податоци; data.gouv.fr.

Свет | 27.1.2012

Јавната администрација треба да им се приклучи на здруженијата за слободен софтвер

Јавните администрации треба да станат членки на здруженијата за слободен софтвер, вели Сајмон Фипс, директор на Иницијативата за слободен софтвер (OSI). „Убаво е да се има политика, но ако не се прикл...

Свет | 26.1.2012

Друго во: ЕДРИ, Свет, Македонија

Европските училишта неодлучни во примената на слободниот софтвер PDF Печати Е-пошта
26.11.2008

Бројот на училишта во Европската унија коишто користат слободен софтвер на компјутерите сè уште е мал. Сепак, одреден број училишта веќе го имаат предвид слободниот софтвер. Во другите земји, како Русија и Турција, образовните институции многу побрзо го прифаќаат овој вид на софтвер.

Според извештајот на веб-сајтот на германскиот дневен весник Мителдојче Цајтунг, Маркус Алиг, ученик во Баленштетер гимназијата во германскиот град Баленштет пресметал дека неговото и соседното училиште може да заштедат илјадници евра доколку мигрираат од комерцијален на слободен софтвер со отворен код.

По двегодишното истражување на оваа тема, Алиг пресметал дека миграцијата на дваесет корисници би му заштедила 25.000 евра на едно училиште. Тука се земени предвид и трошоците за набавка и лиценцирање, миграција па дури и цената за обука на корисниците, известува весникот.

Италијанскиот град Понтедера тукушто инсталираше 45 нови компјутери кои работат на слободен софтвер во компјутерските лаборатории во три училишта. Учителите се обучуваат како да ги користат системите со ГНУ/Линукс, се вели во извештајот на веб-сајтот на Радио Носталгија. Тие го цитираат аналитичарот Стефано Тоњарели: „Нашата цел е да се зголеми употребата на слободниот софтвер со отворен код од страна на младите луѓе и јавната администрација.“

Ова лето, во Обединетото Кралство започна двегодишен проект за информирање на училиштата за слободниот софтвер и за нивна поддршка во примената и користењето на овој вид на софтвер. Проектот „Училишта со отворен код“ е финансиран од Бекта, Британска едукативна агенција за ИТ.

На ова се надоврзуваат и проектите во Париз, Франција, каде на почетокот на оваа школска година 175.000 ученици добија УСБ мемориски стикови со апликации базирани на слободен софтвер, што укажува на тоа дека се повеќе училишта го земаат предвид слободниот софтвер. Сепак, примената на слободен софтвер во ЕУ е оскудна во споредба со, на пр. Русија. Наредната година, сите училишта во оваа земја ќе имаат инсталирано слободен софтвер на сите училишни компјутери. Прифаќањето на слободниот софтвер во ЕУ исто така оди бавно во споредба со Турција, каде што слободниот софтвер стана дел од школскиот наставен план и сите училишни компјутери во компјутерските лаборатории веќе имаат инсталиран ГНУ/Линукс покрај Мајкрософт Виндоуз.

Извор: Open Source Observatory "Europe's schools remain shy about open source" 23 ноември, 2008.

 

Балканска мрежа за застапување при управување со е-отпад

Метаморфозис на социјални мрежи


Facebook Twitter
Flickr YouTube

Наши изданија

ping_logo

Приватност на интернет на лесен начин

Filmovi-opme
Igri-opme

sajt_na_denot
sakas_da_volontiras

Creative Commons iconОсвен во случаите каде што не е експлицитно наведено поинаку, содржините на овој веб-сајт се лиценцирани
според лиценцата на Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела 2.5