| Криејтив комонс се користи за промоција на Македонија во светот |
|
|
|
| 24.12.2008 |
|
Во среда, на 24 декември 2008 г., во Музејот на современа уметност во Скопје, беше промовиран спотот за промоција на Македонија - Macedonia Timeless, кој е објавен на интернет со користење на лиценца од Криејтив комонс. Овој спот, по сценарио и во режија на Милчо Манчевски, е првиот во низата рекламни спотови за туристичка промоција на Македонија во светот. Промоцијата започнува на 25 декември 2008 на CNN и CNN International, а ќе продолжи во други десетина земји на уште осум јазици.
Од особено значење за промоција на видео спотовите помеѓу интернет корисниците насекаде во светот е нивното објавување под лиценцата Криејтив комонс Наведи извор-Без адаптирани дела 2.5 Македонија. Со користењето на оваа лиценца се овозможува симнување и реобјавување на спотот на други веб-сајтови, а дополнителна поволна околност е постоењето на широка меѓународна заедница автори кои ги користат лиценците и делуваат како мрежа. Лиценците Криејтив комонс се прилагодуваат на правниот систем на секоја поединечна земја, а во Македонија се присутни со локализирано издание од 2007 година благодарение на Фондацијата Метаморфозис. Тагови: Криејтив комонс , Милчо Манчевски , Creative Commons , Milcho Manchevski , Macedonia Timeless |