Македонски
Нема да има електронско гласање во Азербејџан и Македонија PDF Печати Е-пошта
15.01.2009

По големите проблеми со системот за електронско гласање тестиран во Западна Европа, некои источноевропски земји изразија резервираност за воведувањето на таков систем.

Централната изборна комисија на Азербејџан смета дека не е потребно е-гласањето за претстојниот референдум или локалните избори што треба да се одржат во 2009 г., како и за парламентарните избори во 2010 г.

Иако Азербејџан е членка на Комитетот за електронско гласање на Советот на Европа кој го препорача воведувањето на гласање преку интернет, секретарот на Централната изборна комисија, Натик Мамадов даде изјава за интернет весникот TrendNews во која се вели дека нема шанси тоа да се воведе на наредните избори:

„Мора да имаме причина за да примениме иновација, а не само желба. Не ни треба електронско гласање за да ја зголемиме излезноста на гласачите во Азербејџан.“

Според него, „нема потреба да се носат избрзани одлуки во однос на е-гласањето“.

Слична одлука се донесе во Македонија на почетокот на 2009 г., кога лидерите на поголемите партии одлучија дека нема да биде потребно електронско гласање на наредните претседателски избори затоа што е потребно повеќе време за подготовка на системот. Сепак, македонските политичари дадоа поддршка за примената на таков систем во наредните изборни циклуси.

Фијаско на е-гласањето во Финска: изгубени гласови (05.11.2008)

No need for e-voting: Azerbaijani Central Election Commission (12.01.2009)

No e-voting in next elections (9.01.2009)


Извор: ЕДРИ-грам “No e-voting in Azerbaijan and Macedonia” бр. 1, 14 јануари, 2009.

 

Балканска мрежа за застапување при управување со е-отпад

Метаморфозис на социјални мрежи


Facebook Twitter
Flickr YouTube

Наши изданија

ping_logo

Приватност на интернет на лесен начин

Filmovi-opme
Igri-opme

sajt_na_denot
sakas_da_volontiras

Creative Commons iconОсвен во случаите каде што не е експлицитно наведено поинаку, содржините на овој веб-сајт се лиценцирани
според лиценцата на Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела 2.5