|
20.01.2009 |
|
Интересен алтернативен модел за издаваштво на трудови за високоенергетска физика по принципот на отворен пристап се појави изминативе неколку години со проектот имплементиран од ЦЕРН (Европската организација за нуклеарно истражување).
Со овој модел се прави обид да се обезбеди отворен пристап до истражувањето во оваа област. ЦЕРН беше предводникот уште од педесеттите години на минатиот век, кога првото складиште за пред-печатење беше отворено во седиштето на европската организација. Во складиштето се собираа работни документи и извештаи поднесувани до ЦЕРН од страна на автори од разни институции низ светот. Сега, еден нов проект наречен SCOAP3 (Покровителски конзорциум за издаваштво со отворен пристап на трудови од областа на физиката на честички) се обидува да открие нов модел за целокупната литература за високоенергетска физика (HEP) да биде со отворен пристап. Моделот би можел да биде полесен за имплементација доколку се земе предвид дека, во основа, само шест вакви списанија ги објавуваат повеќето написи од областа на HEP. Со овој нов модел, приходот на издавачот од претплатата на повеќе институции ќе се замени со приходот од единствениот финансиски партнер – SCOAP3. Секој SCOAP партнер ќе го финансира својот придонес со откажување на претплатите на списанијата и секоја земја ќе придонесе според својот удел во издавањето на трудови од областа на HEP. SCOAP3 е конзорциум кој го сочинуваат донаторски агенции за високоенергетска физика, лаборатории за високоенергетска физика и водечки национални и меѓународни библиотеки и конзорциуми на библиотеки. На почетокот на 2009, SCOAP3 соопшти дека поголемиот дел од европските земји се сложиле да учествуваат, како и 44 американски партнери, Турција, Израел и Австралија. За помалку од една и пол година, SCOAP3 доби гаранции за 49.5% од својот буџет. Формалните разговори со издавачите сè уште не се официјално започнати, но сите поголеми издавачи имаат проактивен став за силна поддршка на отворениот пристап во областа на високоенергетската физика.
Project Underway To Convert High Energy Physics Literature To Open Access (5.01.2009) SCOAP3 Funding status report (12.12.2008) SCOAP3: Funding status report for ICOLC Munich (11.2008) About SCOAP3 Towards Open Access Publishing in High Energy Physics (3.06.2007)
Извор: ЕДРИ-грам "Open Access to High Energy Physics Literature" бр. 7.1, 14 јануари, 2009. |