Македонски

Твитер ќе применува геолокациска цензура

На 21 јануари 2012 г., на својот официјален блог, Твитер а соопшти својата намера да воведе геолокациска цензура, што значи дека одредени твитови ќе бидат цензурирани во некои земји врз основа на разл...

ЕДРИ | 3.2.2012

Одговори на често поставуваните прашања за ACTA

1. Дали ACTA бара од земјите да наметнат правила за „три предупредувања пред исклучување од интернет“?

ЕДРИ | 2.2.2012

Поранешниот германски министер за правда го поддржува повикот за отворени стандарди

Германскиот парламентарец и поранешен државен министер за правда Брижит Циприс ги повикува институциите и компаниите да се пријават за годинешните Награди на Денот на слобода на документите. Наградата...

Свет | 1.2.2012

Центар за интернет и општество - Беркман: Летна програма за практиканти 2012

Центарот Беркман ќе ангажира разнообразна група од студенти заинтересирани за проучување - и менување на светот преку - интернетот и новите комуникациски технологии; студенти кои се мотивирани, интере...

Свет | 31.1.2012

Франција: Објавен порталот за отворени податоци - data.gouv.fr

Франција ја објави бета-верзијата на владиниот веб-сајт за отворени податоци; data.gouv.fr.

Свет | 27.1.2012

Јавната администрација треба да им се приклучи на здруженијата за слободен софтвер

Јавните администрации треба да станат членки на здруженијата за слободен софтвер, вели Сајмон Фипс, директор на Иницијативата за слободен софтвер (OSI). „Убаво е да се има политика, но ако не се прикл...

Свет | 26.1.2012

Друго во: ЕДРИ, Свет, Македонија

Законот Лекс Нокиа влегува во финскиот парламент PDF Печати Е-пошта
09.03.2009

Владиниот закон наречен Лекс Нокиа, исто така познат како „закон за душкање“, беше ставен на дневен ред во Парламентот на 24 февруари, 2009. Законот наиде на критики поради лошиот третман на фундаменталните права, овозможувајќи им на компаниите повеќе права од полицијата.

Исто така беше широко критикуван поради непотребниот корпоративен притисок и неговата нејаснотија.

Предлагачите на законот продолжија да прават срамни гафови: Министерот за  комуникации Суви Линден во интервју за весникот Амулети изјави дека работодавецот во моментот има право да нареди претресување до гола кожа на вработен доколку постои сомнение дека вработениот во моментот изнесува тајни на компанијата. Понатаму, министерот за финансии Јирки Катаинен изјави дека не е запознаен со содржината на законот, но дека и без оглед на тоа, тој силно го поддржува.

На вчерашната парламентарна дебата главно учествуваа противници на законот коишто покренаа дискусија за нивната загриженост околу фундаменталните права, полезноста од законот, зголемувањето на надзорот, лошиот процес на составување на нацрт-законот итн. Поборниците за законот пак, постојано повторуваа како противниците на истиот се лошо информирани за неговите вистински импликации и за начинот на којшто законот го подобрува статусот на правата на работниците. Лево-ориентираната алијанса и социјалдемократите апелираа за одбивање на законот и негово целосно преправање.

На 24 февруари, TV News извести за законот, соопштувајќи дека има за цел да спречи три работи:

  • Изнесување на деловни тајни
  • Копирање на материјали заштитени со авторски права
  • Нарушување на корпоративни мрежи со приложени датотеки и малициозни програми.

Доколку не се работи за некаква грешка од страна на новинската агенција, овој момент фрла ново светло на целта на Законот.

Се чини дека владините претставници се обединети, додека само членовите на партијата на зелените (14 места) се поделени по ова прашање. Доколку повеќе не се прошируваат несогласувањата, законот ќе се усвои дури и ако сите Зелени гласаат против него, бидејќи Националната коалиција (51 места), центарот (51) и Шведската народна партија (10) имаат мнозинство во собранието со 200 пратеници.

Партијата на Зелените предложи ограничување на законот за да се овозможи испитување на дневниците со податоци од е-пошта само во случаи кога компанијата води истрага за откривање на деловни тајни. Гласањето за содржината на Законот се одржа на 25 февруари. Конечното гласање за усвојување или одбивање на законот се очекува наредната недела.

Lex Nokia Debate Ignites Parliament (24.02.2009)
http://yle.fi/uutiset/news/2009/02/lex_nokia_debate_ignites_parliament...

Labour Ministry official confirms threat of Nokia leaving Finland over law on electronic communications (24.02.2009)
http://www.hs.fi/english/article/Labour+Ministry+official+confirms+thr...

Lex Nokia furore fuelled further by minister´s strip-search remark (13.02.2009)
http://www.hs.fi/english/article/iLex+Nokiai+furore+fuelled+further+by...

EDRi-gram: Snooping law, "Lex Nokia", proceeding slowly but surely in Finland (17.12.2008)
http://www.edri.org/edri-gram/number6.24/nokia-law-finland-snooping

 

Извор: ЕДРИ-грам "Lex Nokia storms into the Finnish Parliament" бр. 7.4, 25 февруари, 2009.

 

Балканска мрежа за застапување при управување со е-отпад

Метаморфозис на социјални мрежи


Facebook Twitter
Flickr YouTube

Наши изданија

ping_logo

Приватност на интернет на лесен начин

Filmovi-opme
Igri-opme

sajt_na_denot
sakas_da_volontiras

Creative Commons iconОсвен во случаите каде што не е експлицитно наведено поинаку, содржините на овој веб-сајт се лиценцирани
според лиценцата на Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела 2.5