|
Краток опис и цели на проектот...
Проектот eRider Macedonia ќе им помогне на невладините организации во Македонија подобро да ги искористат новите информатички и комуникациски технологии (ИКТ). Со тоа ќе им се дозволи да ја пренесат својата порака, да ги вклучат граѓаните во јавни дебати на релевантни теми, да коалицираат и подобро да им служат на своите заедници. Што се e-Рајдери (e-Јавачи)? - индивидуалци или мали групи кои волонтираат или работат во одредена област и имаат посебни практични способности и вештини, вклучувајќи ги тука информатичката технологија и способностите за советување и планирање. Целта на проектот е:
-да им се помогне на невладините организации во изготвувањето на издржлива ИКТ стратегија скроена според нивните активности, цели и мисија како и да се подобрат ИКТ капацитетите на невладините организации, -Да се подигне и подобри квалитетот на известувањето и промовирањето на придобивките од информатичкото општество, -Да се изготват ефективни ИКТ стратегии кои ќе им овозможат на невладините организации да ја користат технологијата за унапредување на нивните активности и мисија. е-јавачите ќе обезбедат техничка помош и поддршка на невладините организации во развивањето на ИКТ стратегии со советување и со заедничка работа во развивањето на тие стратегии, како и решавање на тековните проблеми поврзани со ИКТ. Изборот на невладините организации ќе биде според географски критеруим и според полето на интерес. Географски гледано, невладините организации кои ќе бидат вклучени во проектот ќе бидат сместени во следните градови: Велес, Скопје, Куманово, Тетово, Прилеп, Штип, Гостивар и Кичево. Изборот на невладините организации кои ќе учествуваат во проектот ќе биде направен од Одборот на ФИОМ и Метаморфозис. По изборот, е-рајдерите ќе ги посетат избраните невладини организации и ќе им го образложат проектот и концептот на е-јавачи. Потребна документација:
• Краток опис на организацијата (име, адреса, вид, копија од регистрација) • Лице/а одговорно за водењето на организацијата (директор, одбор) • Очекувани резултати • Досегашни проекти и активности • Планирани идни проекти и активности За натамошни информации: Метаморфозис, тел. (02) 3109 325,
Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
Краен рок за пријавување: 8 октомври, 2004
(4585 hits/посети) |