|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести Војна за пребарување на персоналните компјутери
|
|
|
|
Војна за пребарување на персоналните компјутери |
|
|
|
26.10.2004. |
|
Наскоро ќе се отвори уште еден фронт во битката помеѓу Мајкрософт и Гугл.
Наскоро ќе се отвори уште еден фронт во битката помеѓу Мајкрософт и Гугл. Во Мајкрософт се трудат да изработат софтвер за пребарување со кој ќе може да се пронајде каква било датотека што се наоѓа на хард дискот на компјутерот до крајот на 2004 година.
Ова доаѓа како одговор на пребарувачот на Гугл кој ги селектира податоците што се наоѓаат на компјутерите. Пазарот за пребарувачи наменети за персонални компјутери станува пренатрупан откако Гугл, АОЛ, Јаху и голем број помали компании произведоа програми кои им помагаат на луѓето во пронаоѓањето на датотеки.
Мајкрософт малку доцни со појавувањето на пазарот за пребарување на персонални компјутери и неговиот софтвер ќе треба да се натпреварува со програмите на голем број ривали, а многу од нив имаат голем број на верни корисници. (2975 hits/посети) |
|