|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести Nokia NFC куќиште за Nokia 3220
|
|
|
|
Nokia NFC куќиште за Nokia 3220 |
|
|
|
4.11.2004. |
|
На Конференцијата за мобилна телефонија што се одржа во организација на Nokia во Монако, Nokia го претстави куќиштето за мобилни телефони Nokia NFC (Near Field Communication)...
На Конференцијата за мобилна телефонија што се одржа во организација на Nokia во Монако, Nokia го претстави куќиштето за мобилни телефони Nokia NFC (Near Field Communication), коешто претставува последен чекор во пронајдоците од областа на мобилната телефонија.
Ова куќиште ќе им понуди на корисниците можност за пребарување како и пристап до текстуални услуги само со допир на линковите кои претставуваат кратенки до услугите. Куќиштето Nokia NFC нуди линкови коишто можат да се дотераат според желбата на корисникот. Nokia NFC претставува технологија којашто настанала со обединување на RFID (Radio Frequency Identification) технологијата и технологијата за меѓусебно поврзување.
Куќиштето Nokia NFC е функционално куќиште што е наменето за моделот Nokia 3220. Верзијата со четири линкови ќе биде достапна во Европа во првото тромесечие од 2005 г., а во второто тромесечие од 2005 г. ќе се појави на американскиот и азискиот пазар.
За повеќе информации кликнете тука. (3238 hits/посети) |
|