|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести Доделување на наградите на Еуробот 2004
|
|
|
|
Доделување на наградите на Еуробот 2004 |
|
|
|
5.11.2004. |
|
На 9 ноември 2004г. во рамките на Европската недела на науката, во Европскиот парламент ќе бидат доделени наградите на седмото издание на Еуробот.
На 9 ноември 2004г. во рамките на Европската недела на науката, во Европскиот парламент ќе бидат доделени наградите на седмото издание на Еуробот. Наградите се доделуваат по иницијатива на Европската комисија.
Еуробот е едно од најпрестижните светски натпреварувања од областа на роботиката. Студенти од 20 земји учествуваа на осум национални квалификации (во Австрија, Белгија, Чешка, Франција, Германија, Србија и Црна Гора, Шпанија и Швајцарија) и едно меѓународно финале.
Преку програмата Еуробот, Европската комисија сака да ги поттикне младите луѓе да учествуваат во програмите од областа на науката и технологијата со што ќе придонесат во унапредувањето на високата технологија, пронајдоците, образованието и забавата. (3125 hits/посети) |
|