|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести Нов LCD екран за преносни медија плеери од Самсунг
|
|
|
|
Нов LCD екран за преносни медија плеери од Самсунг |
|
|
|
9.11.2004. |
|
Корејскиот производител Самсунг Електроникс произведе LCD екран со големина од 4 инчи (10,16cm) и формат на екранот од 16:9 наменет само за преносни медија плеери...
Корејскиот производител Самсунг Електроникс произведе LCD екран со големина од 4 инчи (10,16cm) и формат на екранот од 16:9 наменет само за преносни медија плеери (ПМП).
ПМП се новата генерација на мултимедијални плеери на коишто можате да гледате содржини симнати од интернтет кога сакате, каде сакате и во каков сакате формат.
LCD екранот од 4 инчи е поголем од екраните кои моментално се користат и кои имаат големина од 3,5 инчи и формат на екранот од 4:3. Ако гледате Digital Internet Video eXpress (Divx) видео клип со формат на екранот од 16:9 на сегашните LCD екрани, ќе забележите дека екранот не е целосно искористен, особено горниот и долниот дел.
Според компанијата, тие се одлучиле на екран со големина од 4 инчи затоа што е тешко да се гледа на екран од 3 инчи, а екран со големина од 5 инчи е премногу голем за да се стави во џеб. (3122 hits/посети) |
|