|
Ајбием (IBM) го врати приматот за најбрз суперкомпјутер назад во САД по три години...
Ајбием (IBM) го врати приматот за најбрз суперкомпјутер назад во САД по три години.
Компјутерскиот систем Blue Gene/L на Ајбием, кој сè уште не е завршен, официјално беше прогласен за најбрз во светот од проектот Најдобри500 (Top500). Овој проект го реализираат група на независни универзитетски професори кои објавуваат рангирање двапати годишно.
Компјутерскиот систем Blue Gene/L може да извршува 70,72 трилиони пресметки во секунда, скоро двапати повеќе од досегашниот лидер, јапонскиот Земјин симулатор (Earth Simulator) кој може да изврши 35,86 трилиони пресметки во секунда.
Следната година Blue Gene/L ќе биде инсталиран во Националната лабораторија Лоренс Ливермор (Lawrence Livermore National Laboratory) при универзитетот во Калифорнија и ќе се користи за проучување на националните нуклеарни залихи, но и за други потреби.
На второ место се најде суперкомпјутерот при Истражувачкиот центар на НАСА, кој извршува 51,87 трилиони пресметки во секунда.
Овие два компјутера беа поевтини и користат процесори кои се многу слични со комерцијалните процесори. Blue Gene/L ќе има 130 000 процесори и се проценува на околу 100 милиони долари, а компјутерот на НАСА веќе користи 10 240 процесори и се проценува на 50 милиони долари. Само за споредба, Земјениот симулатор е проценет на повеќе од 250 милиони долари. (3262 hits/посети) |