|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести Хало 2 заработи 125 милиони долари за еден ден
|
|
|
|
Хало 2 заработи 125 милиони долари за еден ден |
|
|
|
12.11.2004. |
|
Во првиот ден видео играта заработи 125 милиони долари...
Хало2 (Halo 2), видео играта за конзолата Иксбокс (Xbox), се вброи во редот на петте најдобро продавани игри во првиот ден во историјата. Во првиот ден видео играта заработи 125 милиони долари. Само во САД и Канада беа продадени 2,38 милиони копии.
Играта беше промовирана на 9 ноември 2004 г. Стотици играчи се собраа на плоштадот Тајм Сквер во Њујорк за да го поздрават излегувањето на нивната омилена игра.
Само за споредба, рекордот за најголем приход што го остварил еден филм во првите три дена го држи Спајдермен и изнесува „само“ 114 милиони долари. (3160 hits/посети) |
|