Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow Интел и УНЕСКО развиваат насоки за предавачи во областа на ИКТ
Интел и УНЕСКО развиваат насоки за предавачи во областа на ИКТ Испечати Е-пошта
15.11.2004.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
Интел во соработка со УНЕСКО се согласија да соработуваат на развивање на модел на наставен план за подобрување на употребата на информациско-комуникациската технологија (ИКТ) во училиштата...

Корпорацијата Интел во соработка со Организацијата за образование, наука и култура на Обединетоте нации (УНЕСКО) се согласија да соработуваат на развивање на модел на наставен план за подобрување на употребата на информациско-комуникациската технологија (ИКТ) во училиштата и да воведат стандарди за подобрување на квалитетот на процесот на обука на предавачите.

УНЕСКО заедно со Интел ќе изработи наставен план кој ќе ги постави стандардите за потребните знаења и вештини од областа на ИКТ.  Потоа, наставниот план може да се употреби за содржинско обликување на обуките. Обете организации ќе работат на развивање на механизам според кој продавачите на курсеви, креаторите на образовната политика и предавачите ќе можат да го консултираат наставниот план за да проверат дали содржината на курсевите и обуките одговара на стандардите.

УНЕСКО се решил да соработува со Интел поради неговото огромно искуство во обуката на предавачи од областа на употреба на технологијата и помош истата да ја вклучат во наставните планови и програми. Преку својата програма „Интел предава за иднината“ (Intel Teach to the Future) Интел има обучено повеќе од 2 милиони предавачи ширум светот.

Соработката на Интел со УНЕСКО е дел од неговата иницијатива „Интелови иновации во образованието“ (Intel Innovation in Education) која претставува негова обврска во соработка со образовните институции и светските лидери да им се помогне на сегашните ученици да се подготват за идните предизвици. Основната цел на Интел е да помага во подобрување на образованието од областа на науката, математиката, инженерството и технологијата.


(3298 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]