Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow Земјите од Јадранскиот регион на ИТ трошат по 62 долари по жител
Земјите од Јадранскиот регион на ИТ трошат по 62 долари по жител Испечати Е-пошта
15.11.2004.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
Според ИДЦ, вкупната вредност на потрошувачката на ИТ во минатата година во Јадранскиот регион изнесувала околу 1,6 милијарди долари...

Според податоците на ИДЦ изнесени на конференцијата под наслов „Пазарни и технолошки трендови во земјите од Јадранскиот регион“ што се одржа во рамките на ИНФО саемот во Загреб, Хрватска, вкупната вредност на потрошувачката на ИТ во минатата година во Јадранскиот регион изнесувала околу 1,6 милијарди долари. Потрошувачката во Македонија  била 63 милиони долари, во Хрватска 575 милиони долари, во Словенија 502 милиони долари,  337 милиони долари во Србија и Црна Гора, 92 милиони долари во Босна и Херцеговина и 47 милиони долари во Албанија.

Во овој регион биле испорачани околу 500 илјади компјутери. Во Македонија на ИТ се троши по 31 долар годишно на жител, 250 долари во Словенија, 128 долари во Хрватска, 32 долари во Србија и Црна Гора, 24 долари во Босна и Херцеговина и 15 долари во Албанија. Земјите од овој регион со 26,14 милиони жители потрошиле во просек по 62 долари по жител. Според ИДЦ просечната годишна стапка на раст на ИТ потрошувачката ќе изнесува 9,7%.


(3155 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]