|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести Новел повторно го тужи Мајкрософт
|
|
|
|
Новел повторно го тужи Мајкрософт |
|
|
|
17.11.2004. |
|
Само неколку дена откако доби 536 милиони долари како надомест за монополското однесување на Мајкрософт, Новел веќе подигна нова тужба против софтверскиот гигант...
Само неколку дена откако доби 536 милиони долари како надомест за монополското однесување на Мајкрософт, Новел веќе подигна нова тужба против софтверскиот гигант. Овој пат, тужбата се однесува на програмата за обработка на текст, Ворд Перфект (WordPerfect), којашто две години беше во сопственост на Новел.
Новел тврди дека Мајкрософт го злоупотребил својот монопол во областа на оперативните системи за да ја намали продажбата на Ворд Перфект. Тие истакнуваат дека Мајкрософт намерно ги сокривал техничките информации за своите оперативните системи од Новел и вршел корекции во верзиите на Виндоус за да ја наруши стабилноста и за да ги намали перформансите на Ворд Перфект.
Само за споредба, кога Новел ја купи програмата Ворд Перфект заедно со апликациијата Кватро Про (Quattro Pro) во јуни 1994г. нивната вкупна цена била околу една милијарда долари, а во март 1996г. ги продале на Корел за само 170 милиони долари.
Во соопштението за јавноста Мајкрософт ги отфрли обвинувањата на Новел дека компанијата била одговорна за опаѓање на пазарната вредност на Ворд Перфект. Мајкрософт додава дека пазарната вредност на Ворд Перфект веќе почнала да се намалува пред Новел да ја купи апликацијата. (3039 hits/посети) |
|