|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести Лаптоп за љубителите на компјутерски игри
|
|
|
|
Лаптоп за љубителите на компјутерски игри |
|
|
|
18.11.2004. |
|
Вуду го претстави својот нов лаптоп кој би требало да ги израдува љубителите на компјутерските игри...
Вуду (Voodoo), една од најдобрите светски компании во областа на дизајнот и производство на лаптоп компјутери, го најави својот нов лаптоп кој би требало да ги израдува љубителите на компјутерските игри. Се работи за моделот Voodoo ENVY m:790 којшто претставува последен збор на техниката. Според веб сајтот на Вуду, се работи за систем со перформанси на десктоп компјутер сместен во лаптоп куќиште.
Овој компјутер поддржува PCI Express Graphics, до 4 GB DDR-2 меморија и Serial ATA RAID и IDE хард диск. Процесорот е Интел Пентиум 4, 775, со 1 МB кеш меморија, а графичката картичка Nvidia Geforce Go 6800 PCI Express, што го вбројува овој лаптоп во редот на најдобрите лаптоп компјутери.
Voodoo ENVY m:790 можете да го добиете за „само“ 4 400 долари. (3321 hits/посети) |
|