|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести Мајкрософт ја предупредува Азија за тужби поврзани со Линукс
|
|
|
|
Мајкрософт ја предупредува Азија за тужби поврзани со Линукс |
|
|
|
19.11.2004. |
|
Стив Балмер ги предупреди владите во Азија дека тие би можеле да се соочат со тужби за кршење на правата на индивидуална сопственост...
Главниот извршен директор на Мајкрософт (Microsoft), Стив Балмер, во четвртокот ги предупреди владите во Азија дека тие би можеле да се соочат со тужби за кршење на правата на индивидуална сопственост ако употребуваат оперативни системи со отворен код, како што е Линукс (Linux).
Зголемената популарност на Линукс меѓу компаниите и владите ширум светот, а особено во Азија, претставува закана за глобалната доминација на лиценцираниот оперативен систем на Мајкрософт, Виндоус (Windows).
Зборувајќи на Форумот на владините лидери во Азија што се оддржува во Сингапур во организација на Мајкрософт, Балмер истакна дека Линукс крши повеќе од 228 патенти. Тој не наведе детали за наводните кршења на патентите. (3211 hits/посети) |
|