|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести Стратешко партнерство на Мајкрософт и Дасо Системс
|
|
|
|
Стратешко партнерство на Мајкрософт и Дасо Системс |
|
|
|
22.11.2004. |
|
Мајкрософт и француската компанија Дасо Системс потпишаа петгодишен договор за стратешко партнерство...
Најголемиот светски производител на софтвер, Мајкрософт, и француската компанија Дасо Системс (Dassault Systemes) потпишаа петгодишен договор за стратешко партнерство според кој се предвидува француската компанија да испорачува 3Д софтвер на фирмите кои користат платформи на Макрософт.
При објавувањето на договорот во Париз, Бил Гејтс изјави дека новиот сојуз претставува втора најголема зделка на Мајкрософт, по зделката со германскиот произведувач на софтвер, САП (SAP).
Софтверот што го произведува Дасо Системс им овозможува на компаниите да вршат симулации на своите призводи во 3Д, од замисла до фаза на одржување (product lifecycle management).
Со овој договор решенијата на Дасо Системс ќе бидат интегрирани во производите на Мајкрософт, Дотнет (.NET), Ескјуел Сервер (SQL Server) и други. (3220 hits/посети) |
|