|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести Поштарот носи и букети за саканите
|
|
|
|
Поштарот носи и букети за саканите |
|
|
|
12.01.2005. |
ИНТЕРНЕТ-ЦВЕЌАРНИЦА - FLOWERSHOP. COM.MK
На нашиот народ му треба повеќе среќа, радост и љубов. Ние немаме култура за подарување цвеќе без посебна причина. Тоа го правиме само за Осми март, за Денот на вљубените или евентуално за роденден, а се поретко си подаруваме букети и за родендени, свадби или слави, вели Георгија Филиповски, еден од основачите на првата интернет-цвеќарница во земјава flowershop.com.mk. Преку веб-страницата што функционира осум месеци, стотина Македонци што живеат во странство и во земјава им испратиле букет на своите најблиски и им покажале дека ги сакаат и мислат на нив.
Идејата за отворање интернет-цвеќарница Георгија ја добил додека студирал на Електротехничкиот факултет.
- Кога го завршував факултетот, најголем број од студентите правеа дипломски за Интернет и за неговите предности. Популарно наречените "дот ком" компании беа хит во Америка во втората половина на 20 век, а кај нас се појавија дури сега. Освен тоа, сакам да им подарувам цвеќе на најблиските - објаснува Георгија.
Тој додава дека досега најголем број од нарачките биле од македонски иселеници што им подаруваат цвеќе на најблиските.
- Најголеми љубовџии се покажаа кумановци и битолчани, кои често им подаруваат цвеќе на своите жени или девојки. Но ми текнува и на една нарачка од момче што веќе неколку години живее во Австралија. Тој сакаше да ја израдува мајка си, која подолго време лежела на одделот за гинекологија при Државната болница. Го однесовме букетот и по неколку дена добивме уште еден мејл од него со благодарност и објаснување дека жената, кога видела дека син и мисли на неа, почнала да заздравува. Често примаме и нарачки од еден странец што извесен период престојувал во Македонија преку мировна мисија и се вљубил во Македонка. Каде и да оди, човекот и испраќа цвеќе на девојката. Од него ги добивме и најинтересните упатства како да и донесеме 51 роза - вели Филиповски.
Преку интернет-цвеќарницата се вршат три дејности - на интернетот, на брзата пошта и на цвеќарниците.
- За да нарачаат цвеќе луѓето треба само да ја посетат нашата веб-страницата. На електронската адреса впишуваат каков букет сакаат, на која адреса да го однесеме, а се плаќа преку кредитна картичка и во долари. Плаќањето се врши во долари бидејќи исплатата се прави преку американска компанија. Кога ќе ја примиме нарачката, се јавуваме во цвеќарница, а потоа со брза пошта букетот се доставува до кое било место во земјава со валидна поштенска адреса - објаснува Филиповски.
Георгија вели дека нарачателот, ако има некое посебно барање, мора да го испрати и-мејлот неколку дена порано.
- Ако некој сака да го однесеме цвеќето на определено место и во определен час или да нарача букет со цвеќе што не е дел од нашата понуда, тогаш е најдобро да ни пише неколку дена порано. Со брза пошта имаме договор да пробаат најмалку два пати да го достават цвеќето. Гарантираме дека ќе го однесеме букетот во рок од 24 часа - додава Георгија.
Освен цвеќе, преку flowershop.com.mk. на најблиските може да им подарите и бомбониери, плишани играчки и различни видови вино, а во иднина понудата ќе ја збогатат со цедеа и ракотворби. (2989 hits/посети) |
|