Македонски
Прилепчанче ја "нападнало" Хирошима PDF Печати Е-пошта
13.01.2005
По барање на Интерпол од Токио, МВР го откри хакерот што влегол во компјутерскиот систем на познатиот јапонски универзитет         Малолетник од Прилеп си поиграл со компјутерскиот систем на националниот универзитет во Хирошима, Јапонија, но тој нема кривично да одговара бидејќи не предизвикал штета, дознава "Дневник".

        Со ова македонската полиција го реши случајот со хакерот по кој трагаше јапонската полиција. Како што претходно информиравме, Интерпол од Токио неодамна побара од своите колеги во Македонија да спроведат истрага за случај во кој Македонец влегол во компјутерски систем во Јапонија. 

        Во документите на Интерпол има конкретни податоци за начинот како Македонецот успеал да го "нападне" Универзитетот во Хирошима. Полицијата не го соопштува идентитетот на хакерот, бидејќи станува збор за малолетник. 

        Јапонски систем-инженер за безбедност од Универзитетот открил дека хакер се обидел да ги пробие шифрите на информатичкиот систем на универзитетот. Хакерот набргу бил откриен благодарение на отсекот за Информатичка и форензичка технологија во МВР, специјализиран за вештачење на компјутерска опрема искористена за извршување криминал. Детето било откриено со следење на електронските трагови кои ги оставил додека се обидувал да навлезе во компјутерскиот систем.

        Според членот 251 од македонскиот Кривичен закон навлегувањето во компјутерски систем подлежи на законска санкција. Откако бил откриен, хакерот бил повикан во УВР Прилеп на испрашување за да се откријат мотивите за неговиот "упад". Бидејќи станува збор за малолетник кој не направил сериозна штета, македонскиот хакер поминал само со опомена да не си игра со компјутерите.
 

Балканска мрежа за застапување при управување со е-отпад

Метаморфозис на социјални мрежи


Facebook Twitter
Flickr YouTube

Наши изданија

ping_logo

Приватност на интернет на лесен начин

Filmovi-opme
Igri-opme

sajt_na_denot
sakas_da_volontiras

Creative Commons iconОсвен во случаите каде што не е експлицитно наведено поинаку, содржините на овој веб-сајт се лиценцирани
според лиценцата на Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела 2.5